Младен Тонев
Младен Ристов Тонев (14 април 1923 во Куново (Кратовско) — 14 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Младен Тонев | ||
Роден | 14 април, 1923 година Куново, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 14 април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиУште од мал останал без родители и со помош на постарите браќа израснал во вредно и бистро момче. Како необразован го следел односот на окупаторот, посебно кога бил мобилизиран во окупаторската бугарска војска. Ги почувствувал тешкотиите на ропскиот живот и станал симпатизер на НОВ. Во почетокот на септември 1944 година стапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада, учествувал во многу борби во кои се истакнал со својата храброст и умешност. Во битките на Сремскиот фронт загинал неговиот командир, па самиот тој застанал на чело на единицата и како командир неколку дена успешно ја водел четата од борба во борба. На неговиот роденден 14 април 1945 година, загинал на теренот помеѓу Врпоље и Ѓаково.[1]