Михали Мезо (роден на 1 август 1978 година, Ѓула), попознат како Миши Мезо, ― унгарски пејач и музичар, најпознат по тоа што е водечки вокал на рок групата Magna Cum Laude.

Михали Мезо
Мезо во 2017 година.
Основни податоци
Роден(а)1 август 1978(1978-08-01)(46 г.)
Ѓула, НР Унгарија
Жанр(ови)Фанк рок, Поп
Занимање/њаПејач
ИнструментиВокал
Години на активност1989–до денес

Живот

уреди

Мезо бил израснат во Добоз со неговите родители и трите браќа и сестри: Кити, Тунде и Роберт.[1]

Помеѓу 1984 и 1992 година завршил основно училиште во Добоз, а во 1989 година бил во традиционален цигански бенд чиј уметнички директор бил неговиот татко.[1] За време на неговите средношколски години, помеѓу 1992 и 1996 година, тој свиреле во училишниот оркестар “Три Амиго', а подоцна и во бендот „Ла Бомб“. Тој, исто така, има диплома по теологија.[2]

Личен живот

уреди

Тој и неговата сопруга Дори имаат три деца: Нимрод, Биборка и уште една ќерка.[2]

Музичка кариера

уреди

Во 1999 година била основана Magna Cum Laude. Во 2009 година го издале својот 10-ти јубилеен албум 999, а нивниот заеднички јубилеен концерт бил изведен во Салата Петофи.[1]

Во 2011 година, Мезо и уште 18 пејачи го пееја Váltsd за Фондацијата „“Хајра Пети!“. Тој бил придружуван од Дорка Шодеинде, Маријан Сабо, Естер Барток, Барна Пели, Дорина Галамбош, Петер Солноки, Петер Герендаш, Естер Вачи, Лаци Наѓ, Моника Вереш, Еви Колипка, Матјаш Колипка, Матјаш Колицки, Прибојтаз, Адриен Наѓ и Клара Хајду. Песната била напишана од Галамбошс и Петер Нанаши, додека Петрик го напишал текстот.[1]

Во 2011 година, со 25-член воен бенд, проектот „ABS Big Band“, некои песни од Magna Cum Laude биле обработени во жанрот свинг и изведле концерт со тие песни.[1]

Нивните песни почнаа да стануваат многу популарни. Ова било илустрирано со песни како што е Színezd újra!, што била користена за прославата на сегедскиот Ифјушади напок (Ifjúsági Napok), како химна на SZIN, како и со Pálinka dal, која била користена од Шандор Буза за фестивалот „Палинка“.

Неговата песна „Vidéki Sanzon“ станала слоган на филмот СОС Љубов (SOS Love) во 2007 година.

Во 2014 година, тој се приклучил на Будимпешта Бар за петтиот албум на бендот.

Други активности

уреди

На добротворната Дедомразова церемонија одржана во Добоз во 2010 година, тој подарил вреден музички инструмент на своето поранешно училиште.[3]

Гласот

уреди

Тој бил судија за единствената сезона на Гласот (The Voice – Magyarország hangja), заедно со Андреа Малек, Тамаш Сомло и Ференц Молнар. Неговиот состав, предводен од Денес Пал, победил на натпреварувањето.[4]

Ѕвезда во подем

уреди

Од 2014 до 2015 година, тој бил судија во првата сезона на шоуто за таленти Ѕвезда во подем (Rising Star) на ТВ2.[5]

Песната

уреди

Мезо бил дел од интервалот со Машодик Мушак за првото полуфинале на Песната (A Dal) 2016. На 6 декември 2017 година, било објавено дека Мезо ќе биде судија во Песната 2018, издание на изборната постапка во Унгарија за 2018 година за Евровизија 2018 во Лисабон, Португалија.[6]

Награди

уреди
  • Фонограмска награда - поп албум на годината (2007)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Mező Misi - Sztárlexikon - Starity.hu“ (унгарски). Starity.hu. Посетено на 4 април 2023.
  2. 2,0 2,1 Megedzették gyermekei Mező Misit - Blikk
  3. „MCL: Krampusz bőrbe bújt Mező Misi“ (унгарски). rtl.hu. 7 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2017-12-27. Посетено на 4 април 2023.
  4. „Mező Misi kivonult, Malek Andrea sírt a Voice-ban“ (унгарски). 24.hu. 24 ноември 2012. Посетено на 4 април 2023.
  5. „Rising Star / MEZŐ MISI / tv2.hu / Rising Star / TV2“ (унгарски). tv2.hu. 15 септември 2014. Посетено на 4 април 2023.
  6. „Új zsűritagokkal és műsorvezetőkkel jön a Dal 2018“ (унгарски). hirado.hu. 6 декември 2017. Посетено на 4 април 2023.