Васил Мончев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Васил Мончев
Роден Прилеп, Македонија
Починал 1913
Трикери, Грција

Животопис

уреди

Мончев е роден во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Работел како учител, книжар. Се преселил во Солун каде што е покрестен како еден од првите членови на Организацијата. Неговите анови Бошњакан и "Вардар" станале седиште на Револуционерната организација. Гевгелискиот раководител на Организацијата, Илија Докторов пишува:

главно свртилиште на револуционерите во Солун беа Бошњакан, чиј содржател беше Васил Мончев, најдоверливото лице на Централниот комитет и неговите помошници. Тој беше лицето, што ги договараше состаноците, во својот Бошњакан, меѓу дојдените од првинциските градови по истакнати дејци со членовите на Централниот комитет [1].

По Мелничкото востание, дошло до раздвижување на османлиската војска и жандармерија. Во летото 1895 година, полицијата извршил претрес во Бошњакан и во куферот на еден од гостите пронашле четириаголна плоска за ракија. Полицијата се исплашила, бидејќи плоската им наликувала на бомба која можела да се наполни со експлозив, и наместо вистинскиот сопственик на куферот, кој бил отсутен, Мончев бил уапсен од полицијата [2]. Меѓутоа успеал со парична гаранција и рушвет да издејствува свое ослободување.

На 23.02.1898 година (стар стил) во Цариград, Димитар Македонски бил ликвидиран од страна на Ефтим Гештаков, терорист на Организацијата. Македонски бил убиен поради натпис, насочен против Организацијата, во весникот Новини. По објавувањето на натписот, учителот Битраков од Охрид истакнал дека Македонски нема да остане жив. Откако веста за неговото убиство пристигнала во Солун, Иван Хаџи Николов, Дамјан Груев, Христо Батанџиев и Христо Матов кои дошол специјално од Скопје, се собрале во Бошњакан и набргу им се придружил и Васил Мончев. Иван Х. Николов сакал да почасти коњак за убиството, меѓутоа Мончев набргу ја напуштил масата, а на Дамјан Груев му препорачал повеќе да не доаѓа во гостилницата [3].

На 23 јануари 1901 година (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија [4]. Набргу истрагата и апсењата се прошириле во Солун и неговата околина. На 1 февруари 1901 година Васил, заедно со Михаил Мончев, бил уапсен. На 20 февруари 1901 година било покренато обвинението против 19 - мината прво обвинети. Со него биле обвинети: Милан Михајлов, Кочо Георгиев, Коце Лазаров, Тодор Иванов Карапетков, Васил Мончев, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Поп Стамат и други. Тие биле обвинетеи за државен престап во целина против Отоманското Царство сакајќи:

Да основаат самостојна македонска држава од Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот вилает [5]

или во најмала рака овие три вилаети да бидаат присоединети кон Бугарија [5]. Според еден документот од англиско потекло, тие било обвинети за организирање на револуционерна сила против османската власт со цел: воспоставување во Македонија автономна власт... воспоставување на нова форма на власт (влада) во Македонија Ова дело било казниво според членовите 56 и 58 од Османлискиот кривичен закон и според нив следувало смрта казна.

Конкретно Васил Мончев бил обвинет за вадење на тескере на име Антим Чакалов и поради посетување на неговиот Бошњакан од страна на комитетските луѓе. Меѓутоа поради недостаток на докази, судот го ослободил Васил Мончев.

Постепено Васил Мончев се повлекол од револуционернорто дело, но неговото место било пополнето од неговите синови Георги Мончев и Борис Мончев [6]. Христо Силјанов пишува:

(Васил Мончев е б.н), еден оригинален молчаливец, беше сопственик на гостилница и хотелот Бошњак ан кој подоцна стана собиралиште на сите револуционери од Солун и од провинцијата и одигра историска улога како конспиративно гнездо. Вечно баран и вознемируван од Турците, Васил умееше да се справи со нив, останувајќи секогаш спокоен. Тој загина од раката на денешните владетели на Солун, Грците. Неговиот помал син, Георгеи, многу бујно и развиено момче загина како четник [7].

Во текот на Втората балканска војна е уапсен од страна на новите грчките власти и убиен на островот Трикери.

Литература

уреди

Извори

уреди
  1. Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 55, ISBN 9549514560
  2. Ванчо Ѓорѓиев,Слобода или Смрт,Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година,201,Институт за историја -Филозофски факултет,Скопје,2003
  3. А. Шопов, Дневник, дипломатически рапорти и писма (ред. А. Пасков). София, 1995
  4. Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922
  5. 5,0 5,1 Георгиев Величко и Стайко Трифонов, Македония и Тракия в борба за свобода (XIX и началото XX век) Нови Документи, София, 1995
  6. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  7. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 40.