Милка Бабовиќ
Милена „Милка“ Бабовиќ (Скопје, 27 октомври 1928 — Загреб, 26 декември 2020) — хрватска атлетичарка и спортска новинарка. Таа била победник на бројни натпреварувања во спринт во поранешна Југославија, и неколкупати била прогласувана за најдобра атлетичарка. Таа исто така имала забележителна кариера како спортски новинар и телевизиски уредник.
Лични податоци | |
---|---|
Роден(а) | 27 октомври 1928[1] Скопје, Кралство СХС (денес Македонија) |
Починал(а) | 26 декември 2020 Загреб, Хрватска |
Спорт | |
Спорт | атлетика |
Дисциплини | спринтерски, со пречки |
Клуб | Младост Загреб |
Успеси и титули | |
Лични рекорди | 80 м со пречки – 11.0 (1957)[1] |
Животопис
уредиБабовиќ е родена во Скопје и израснала во Сараево, но се преселувала во Рума и Белград во средношколските денови. Таа дипломирала педагогија на Загребскиот универзитет.[2] Поради спортувањето во Рума, таа се приклучила на атлетичарскиот клуб Младост во Загреб и започнала да се натпреварувала во спринтерските дисциплини. Започнувајќи во 1953 година, таа ги освоила југословенските државни титули на 100 метри (еднаш), 80 метри со пречки (седум пати), 4 × 100 м (седум пати), и 4 × 200 метри (двапати). Таа била сопственик на неколку југословенски спринтерски рекорди, победила на два студентски меѓународни натпреваруваања на 80 метри со пречки во 1953 и 1957 година; и го освоила петтото место на Европското првенство 1954 на трката на 80 метри со пречки.[2] Таа трипати ја добила наградата хрватска спортистка на годината која ја доделува весникот Спортске новости, а исто така двапати била прогласена за најдобра спортистка на Југославија.[2]
Таа работела како спортски новинар во Народни Спорт од 1949 година, и се префрлила во Радиотелевизија Загреб во 1957 година кога станала прв спортски уредник. Таа останала на таа позиција, со исклучок на четиригодишна пауза, до 1975 година. Таа била повеќекратен претседател во одделот за спортски новинари во хрватската асоцијација на новинари, била член на Југословенскиот олимписки комитет во два мандати, и била член на извршниот совет на Собранието на Загреб.[2]
Наводи
уреди„Милка Бабовиќ“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 Milena Babovic. trackfield.brinkster.net
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Frntić, Franjo (1983), „Babović, Milka“, Croatian Biographical Lexicon (хрватски), 1, Leksikografski zavod Miroslav Krleža, Посетено на 6 јануари 2014