Микроекономски развој на Македонија

Развојот на Микроекономијата во Република Македонија своите корени ги темели со воспоставувањето на ФНРЈ. Во овој период засновано на теоријата на оптимална алокација на ресурсите како земја членка на Југословенската Федерација, Народна Република Македонија започнува да ги користи бенифициите на тогашниот прв пет годишен план кој предвидува индустриски развој на земјите членки на федерацијата и алокација на индустриските капацитети споредбено со природните ресурси на земјата.

Сепак од денесшна дистанца може да се заклучи дека еден од постулатите при проектирањето на микроекономската програма – дека субјектите при донесувањето на своите одлуки се однесуваат рационално, се чини занемарен. Според документите кои се објавени во книгата – Македонија е сè што имаме од Киро Глигоров, и од документите кои се достапни преку интернет а дел од Федеративниот архив во Белград, се гледа дека тогашната Народна Република Македонија добила сосема мал дел од финансиските инјекции, и нејзините природни ресурси кои би биле темел на развој на микороекономијата во земјата се целосно запоставени на сметка на политичките пресметки помеѓу државните раководства.

На пример во документот со број 321/122-43952 со кој се предложува во Македонија да се отвори Велешката топилница за фероникел, каде што би се произведувале легури потребни за градење на инфраструктурата низ федерацијата, е одбиен со образложение дека ваква фабрика може да се отвори во Осјек а рудата да се транспортира од Македонија. Со ова станува јасна тенденцијата за економски развој заснован не на рационални решенија туку на политички одлуки.

Низ текот на историјата на поранешна Југославија голем е бројот на вакви решенија кои најчесто или се со задоцнета економска корист за Македонија или пак воопшто не се реализирани. Дополнително оптоварување на Микроекономијата во овој период претставува државното уредување кое не дозволува приватна сопственост туку се оди на колективна сопственост. Ова по дефиниција ги нихилира можностите за трошоци на опортунитет, и не дозоволува либерален развој на економијата.

Сепак до распадот на Југославија станува јасно дека некои од поранешните Југословенски републики како на пример Словенија ги користеле законските пропусти со цел да остварат приватен и државен профит, кој подоцна се покажа како круцијален во периодот на осамостојувањето. Истовремено развојот на микороекономијата во овој период пркоси на дефинициите дека развојот треба да предизвика директна последица врз поединечните економски субјекти како што се претпријатијата, домаќинствата и субјектите како и нивните меѓусебни интеракции. Како позитивно влијание врз националната микроекономија од овој период засновано врз нивните достигнувања, пазарна цена и број на вработени се издвојуваат следниве субјекти: Руен од Кочани, МЗТ од Скопје и Тоза Драговиќ од Охрид.

Дополнително се појавуваат макроекономски парадокси во источна Македонија каде што населението е грото фокусирано на земјоделието и пољоделството. Сепак спротивно на здравата економска логика, која би придонела микроекономски развој на овие региони, добрата не се дистрибуирани низ федерацијата користејќи ги правилата на заеднички пазар туку остануваат да делуваат локално, создавајќи само локален краткотрајно влијание врз добробитта на населението и економските субјекти.

Периодот по осамостојувањето на Македонија

уреди

Во овој период Република Македонија ја остварува својата независност од Југословенската Федерација и според уставот се конституира како социјална држава со пазарна економија и право на приватна сопственост. Токму овие одредби го овозможуваат теоретскиот микроекономски развој на државата.

Со формирањето на Народната Банка, Македонија и ги предаде поголемиот дел од надлежностите од сферата на микроекономијата на НБ. Во овој период РМ склучува аранжмани со ММФ кој заедно со владата и НРБМ се грижат за формирање на микроекономска стабилност во земјата преку замрзнување на платите, елиминирање на сивата економија и борба против продажбата на девизи на диво. Ова придонесува и до добивање моментум во Македонската Индустрија.

Со анализа на временски низи може да се заклучи дека македонската индустрија доживува циклус од отприлика три години. Врвот на актуелниот циклус е достигнат во мај минатата година и сега индустријата се наоѓа во циклично опаѓање и ќе го достигне дното некаде наесен идната година. Трендот е опаѓачки од третиот квартал во 1998 година па сè до денес. Како интересен индикатор при разгледувањата на развојот на микроекономијата во Македонија се и истражувањата кои ги прават секоја година ММФ и Светската Банка. Од мониторингот на индустриското производство може да се заклучи дека индексот како мерка давал сигнали дека нешто не е во ред со македонската индустрија, кои сè уште по видливи кога се оди подлабоку во структура, менаџмент, инвестиции, судство и така натаму. Сите тие недостатоци се вградени во бројките и тие само треба во најмал случај да се следат и анализираат, во нормален случај да се предлагаат мерки, а во идеален случај да се има стратегија. Ова дополнително и се забележува во периодот од 1995 до 1997 од публикацијата на државниот завод за статистика дека падот на индустриското производство за Јануари 1997 споредено со просекот од 1996 е 42.8 %. Ова сето наведува на уште еден парадокс во Македонската економија и стабилност, која со текот на времето покажува стабилизација на валутата, намалување на инфлацијата, но сепак истовремено нема подобрувања во индустрискиот сектор кој би требало да биде главен двигател на микроекономијата во земја како што е Македонија. Уште повеќе што банките во овој период не се однесуваат како двигатели на економијата преку заеми и кредити туку акумилираат богатство. Ќе земам за право и да го испитам ангажманот на ММФ во овој развоен период на Македонија. Ако се земе предвид дека во почетната фаза од транзицијата навистина имавме добри причини да соработуваме со Фондот ("тенки" девизни резерви, условени донации за поддршка на платниот биланс, реструктуирање на долгот, неопходна техничка помош и сл.). Но, дури и откако постигнавме удобно ниво на девизни резерви, толерантен буџетски дефицит и ценовна стабилност, продолживме со аранжмани. Факт е дека од 2000 година наваму (со исклучок на воениот конфликт во 2001 година), економските мотиви (детерминати) за склучување аранжман со ММФ добија второстепено значење. Намерите на македонските влади останаа разголени: тие склучуваат аранжмани со Фондот поради политичките мотиви (им треба куче чувар пред државната каса и мачо-мен пред синдикатите) и слабиот институционален капацитет (не можат без кројач на макроекономските политики и структурните реформи).

Истовремено мора да се разгледа и одосот на соседството во одос на аранжманите на ММФ. За разлика од Република Македонија, напредните земји во транзиција за релативно кус период заклучија дека немаат корист од нови аранжмани со Фондот. Словенија никогаш не се обрати за заем до Фондот, а Чешка тоа го стори само еднаш, користејќи стенд-бај аранжман во почетните години од транзицијата. По четвртиот аранжман се приклучи Полска, а и Хрватска е на добар пат да се одвои од "примамливите" заеми на ММФ. Имено, "излезната" стратегија на економскиот врв на Хрватска е на краток рок да се продолжи со т.н. аранжмани за претпазливост, кои и даваат меѓународна потврда на планираните макроекономски политики и право (не и обврска) да повлекува средства од Фондот. Се разбира, среднорочната ориентација на хрватската влада е да се воздржи од тоа право.