Меѓуѕвезден облак

Меѓуѕвезден облак — општ назив на насобран гас, плазма и прашина во нашата и други галаксии како натпросечно густо подрачје во меѓуѕвездената средина. Зависно од густината, големината и температурата на дадениот облак, водородот во него може да биде неутрален (подрачја H I), јонизиран (подрачја H II) (т.е. плазма) или молекуларен (молекуларни облаци). Неутралните и јонизираните облаци се нарекуваат уште и дифузни облаци, а молекуларните го носат и називот „густи облаци“.

Мал дел од оддавната маглина NGC 6357. Сјае со црвена боја карактеристична за подрачјето H II.[1]

Хемиски состав

уреди

Составот на меѓуѕвездените облаци се утврдува со проучување на нивното електромагнетно зрачење. Големите радиотелескопи исчитуваат дадени честоти на зрачење од небото, својствени за спектрите на извесни молекули. Некои меѓуѕвездени облаци се студени и затоа зрачат на големи бранови должини. Врелите облаци имаат јони на многу елементи, чии спектри се забележливи и како видлива и ултравиолетова светлина.

Радиотелескопите исчитуваат и честоти на одредено место, при што големите честоти означуваат изобилство на дадената молекула или атом во облакот.[2]

Неочекувани хемикалии пронајдени во меѓуѕвездени облаци

уреди
Внатрешен поглед на маглината Лагуна.

До неодамна се сметало дека реакциите во меѓуѕвездените облаци се мошне бавни, со минимални производи поради ниската температура и малата густина на облаците. Меѓутоа, забележано е присуство на органски молекули во спектри неочекувани за дадените услови; такви се формалдехидот, метанолот и винил алкохолот. Научниците знаеле дека вакви реакции настануваат само во земски услови, на голема температура и притисок. Но, пронаоѓањето на овие материи кажува дека хемиски реакции во меѓуѕвездените облаци се одвиваат многу побрзо од очекуваното, веројатно во гасни реакци кои се непознати за органската хемија на Земјата.[3] Ваквите реакции се изучуваат со опитот КРЕСУ.

Меѓуѕвездените облаци помагаат при изучувањето на присуството и застапеноста на металите во вселената, со што се утврдува како тие настануваат, особено кога сразмерот не одговара на очекуваното при настанок со соединување и затоа укажува на други начини на образба, како што е расцепувањето на космичките зраци (спалација).[4]

Големобрзински облак

уреди
 
Отсјајната маглина IRAS 10082-5647 гледана од вселенскиот телескоп „Хабл“.

Овие меѓуѕвездени облаци се одликуваат со брзина поголема од движењето на Млечниот Пат.[5] По дефиниција, овие облаци се со месна стандардна брзина во мирување поголема од 90 км с−1. Се пронаоѓаат претежно преку линијата на неутрален водород од 21 см,[6] и имаат помал удел на тешки елементи отколку што е воообичаено за меѓуѕвездените облаци во Млечниот Пат.

Се претпоставува дека овие необични облаци имаат остатоци од образбата на нашата галаксија, или плимно изместена материја припоена од други галаксии или членови на Месната Група. Пример за второспоменатото е is the Магелановиот Поток. Со цел да се уточни потеклото на облаците потребни се подобри сознанија за нивната оддалеченост и металичност.

Големобрзинските облаци се бележат со претставката HVC, како во примерот HVC 127-41-330.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Carved by Massive Stars“. ESO Picture of the Week. Посетено на 13 September 2013.
  2. Project Leader Dr. Lochner (November 2009). „Spectra and What Scientists Can Learn From Them“. Goddard Space Flight Center, NASA. Посетено на 12 February 2010.
  3. Charles Blue (October 2001). „Scientists Toast the Discovery of Vinyl Alcohol in Interstellar Space“. National Radio Astronomy Observatory. Посетено на 9 February 2010.
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  5. Navarro, J. F., Frenk, C. S., & White, S. D. M. 1995, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 275, 720
  6. „Dark Matter- More Than Meets the Eye“ (PDF). NASA. Посетено на 12 February 2010.

Надворешни врски

уреди