Мешан хор „Драган Шуплевски“

Мешаниот хор „Драган Шуплевски“ е хор што го сочинуваат студенти на додипломските и постдипломските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а името го добил во 2002 година во чест на неговиот долгогодишен раководител и диригент. Хорот има образовна функција, но одржува и самостојни концерти, а негов раководител еСашо Татарчевски.

Концертна дејност уреди

Хорот одржал голем број самостојни концерти во Скопје, но и на повеќе фестивали, како: „Охридско лето“, „Мајски оперски вечери“, „Интерфест“, „Нишки хорски свечености“ и „ТЕХО“. Репертоарот на хорот опфаќа композиции од ренесансата до дела на современи композитори, и тоа а-капела и вокално-инструментални композиции. Од концертите на хорот се направени неколку радио и телевизиски снимки, а Факултетот за музичка уметност издал и ЦД-а од два концерта на духовна музика, под диригенство на Сашо Татарчевски. Хорот учествувал на повеќе меѓународни хорски фестивали (во Варшава, Римини, Краков, Балчик, Вроцлав, Тур и Варна) каде освоил повеќе награди. Исто така, секоја година, на 24 мај, хорот учествува во музичката програма при прославата на празникот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Наводи уреди

  1. Концерт на факултетот за музичка уметност - Скопје, 6.12.2017.