Методија Штерјоски

Методија Герасимов Штерјоски ( 1917 во Кичево2 мај 1944 во Космај, Србија) — македонски активист, припадник на народното ослободително движење.[1]

Методија Штерјоски
Роден 1917 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 2 мај, 1944 година
Космај, Србија.
Националност Македонец

Животопис уреди

По занимање бил шивач. Уште пред Војната, поради тешкиот живот, отишол на печалба во Белград - каде го затекнала окупацијата. Како напреден младинец учествувал во демонстрациите што ги организирала КПЈ, а подоцна станал ѝ член на СКОЈ. Пролетта 1944 година, барал врска да замине во партизани, но наишол на погрешна врска, паднал во непријателски раце и загинал на 2 мај 1944 година на Космај.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 149.