Методија Соколоски

Методија Соколоски (15 мај 1913 - 24 октомври 1984) — македонски историчар и османист.[1]

Методија Соколоски
Роден 15 мај 1913(1913-05-15)
Прилеп, Македонија
Починал 24 октомври 1984(1984-10-24) (возр. 71)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање историчар, османист

Животопис

уреди

Роден е на 15 мај 1913 година[2] во Прилеп, за време на Првата балканска војна. Основното образование и VI клас гимназија ги завршил во Скопје, а поради затворањето на вишите класови на Прилепската гимназија, VII и VIII со матура во Битола. Научил турски јазик како дете во родниот град. Студирал на Филозофскиот факултет при Белградскиот универзитет. Поради вклучување во редовите на студентските протести во Прилеп и Белград, уапсен е од југословенските власти, а за време на Втората светска војна од бугарските власти. Во 1943 г. бил отпуштен од државната служба.[1]

Од 1949 до 1951 г. бил предавач на Институтот за општествени науки во Белград. По завршувањето на студиите бил назначен за директор на Институтот за национална историја и на покана од Филозофскиот факултет во Скопје организирал настава по турски јазик и османска палелологија. Во 1959 станал доцент, во 1963 г. вонреден професор, а во 1968 г. станува редовен професор на факултетот. Во 1949 - 1950 г. и 1959 - 1960 г. е директор на Институтот за национална историја. Во 1969/1970- 1970/1971 г. е декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1][2] Од 1951 година, истражувал во архивот на Претседателството на турската влада во Истанбул, специјализирал во Високата школа на источни јазици во Париз како стипендист на француската влада. Неколку пати престојувал и истражувал во Истанбул и Анкара каде микрофилмувал архивска документација за историјата на Македонија од периодот на осмалиската власт од XV и XVI век, поради што го објавил првиот том на „Турски документи за историјата на македонскиот народ од 1607-1629 година“ во издание на Државниот архив на Македонија во соработка со Ариф Старова, Ванчо Бошков и Фетах Исхак. Вториот том го објавил сам. Се пензионирал во 1978 г.[1]

Починал на 24 октомври 1984 г. во Скопје.[1][2]

Награди

уреди

Трудови

уреди

Автор е на бројни научни трудови[2][3]:

  • 1963: Турски документи за историјата на македонскиот народ, том I

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „д–р Методија Соколоски“. Скопје: Филозофски факултет. Посетено на 24 април 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Годишен зборник 2022“. Штип: Филолошки факултет. 2022. Посетено на 24 април 2024.
  3. „Соколоски, Методија“. repository.ukim.mk. Посетено на 24 април 2024.