Менслаге
Менслаге (германски: Menslage) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Менслаге | |
Поглед на местото | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Оснабрик |
Општ. заед. | Артланд |
Градоначалник | Дорис Шмит (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 65,18 км2 |
Надм. височина | 23 м |
Население | 2.517 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 39 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OS |
Пошт. бр. | 49637 |
Повик. бр. | 05437, 05431 |
Портал | www.menslage.de |
Местоположба на Менслаге во рамките на округот Оснабрик | |
Координати | 52°41′0″N 7°49′0″E / 52.68333° СГШ; 7.81667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиМенслаге се наоѓа во северниот дел на областа Артланд на преминот кон Олденбуршки Минстерски крај. Малата река Хазе тече низ општината од исток кон запад.
Општински единици
уредиМенслаге се состои од поранешните самостојни општини, кои во 1972 година биле припоени кон него:
- Менслаге
- Ханенмор
- Хален
- Андорф
- Ренслаге
- Клајн Мимелаге
- Боторф
- Борг
Соседни општини
уредиМенслаге на исток се граничи со Квакенбрик и Бадберген, на југ со Нортруп, Кетенкамп, Егермилен и Берге, на запад со Херцлаке (округ Емсланд), како и на север со Ленинген и Есен (обете во округот Клопенбург).
Галерија
уреди-
Црквата во Менслаге
-
Градба во Менслаге