Мемо Сулејманов (Велес, 1926 - Скопје, 1984) — југословенски и македонски атлетичар, рекордер во своето време. Се смета за основоположник на македонското маратонско трчање.

Мемо Сулејманов
Популарниот „Африканец“ прескокнува пречки
Лични податоци
НационалностЈугословен
НародностРом
Спорт
ЗемјаСФРЈ СФР Југославија
СпортАтлетика
Дисциплинидолги патеки

Животопис

уреди

Сулејманов е роден во Велес во ромско сиромашно семејство. Пред Втората светска војна продавал весници на улица. Подоцна кога започнала војната, тој во септември 1944 година им се приклучил на партизаните во Осмата, односно подоцна во Дванаесеттата македонска бригада, со која учествувал во ослободувањето на Скопје. Веќе наредната година почнал да трча за Армијата. Бил Апсолутен рекордер на Македонија, неприкосновен на долгите патеки од 5.000 и 10.000 м. На Државното поединечно првенство на Југославија, одржано на 23-24 август 1946 година, Сулејманов го освоил II место со резултат 2:47. Пласманот во оваа трка недвосмислено потврдил за квалитетите на овој атлетичар не само во рамките на Македонија, туку и во тогашните југословенски простори. На меѓународниот митинг во Белград, на стадионот на ЈНА во 1949 година, бурно бил поздравен од гледачите кои мислеле дека е тркач од Африка. Поради тоа и бојата на кожата бил нарекуван „Африканецот“. Во светски рамки се води како прв Ром атлетичар.[1] По завршувањето на неговата долга и богата спортска кариера, буквално како дополнителна работа и професија работел и како фоторепортер. Починал во Скопје во 1984 година.

Наводи

уреди
  1. Gérald Kurth; Identitäten zwischen Ethnos und Kosmos: Studien zur Literatur der Roma in Makedonien, Otto Harrassowitz Verlag, 2008. 233 стр.