Медковец
Медко̀вец (бугарски: Медко̀вец) — село во северозападна Бугарија, административен центар на општината Медковец во Монтанската Област. Има население од околу 1.585 жители (2022).[1]
Медковец Медковец | |
---|---|
село | |
Стара куќа во Медковец | |
Местоположба на Медковец во Бугарија | |
Координати: 43°37′28″N 23°10′12″E / 43.624411° СГШ; 23.169872° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Монтана |
Општина | Медковец |
Управа | |
• Градоначалник | Венцислав Куткудејски (БСП) |
Површина | |
• Вкупна | 81,697 км2 (31,543 ми2) |
Надм. вис. | 182 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,585 |
• Густина | 19/км2 (50/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3670 |
Повик. бр. | +359 09727 |
Мреж. место | medkovec.bg |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во западниот дел на Дунаската Рамнина на 35 км североисточно од регионалниот центар Монатана на 26 км јужно од град Лом.
Историја
уредиСелото било основано најдоцна до првата половина на 18 век. Името на селото се поврзува со легендата дека некогаш во околината имало шупли со мед.
Во 1821 година било отворено првото ќелијно училиште, по што било отворено првото општинско училиште (1845), кога кнез на Медковец бил Иван Кулин.
Во 1850 година, кнезот од Медковец Иван Кулин станал еден од водачите на големото Видинско востание. Медковци учествувале активно во борбата за црковно-народна независност. Во 1859 година била изградена црквата „Света Параскева“, денес прогласена за национален споменик на културата. Иконостасот во него е дело на дебарските занаетчии од родот Филипови.[2]
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Справочник на църквите и манастирите в област Монтана, Архивирано од изворникот на 2011-02-07, Посетено на 2008-06-10
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |