Резбарите Филипови пред 1910 г. Одлево надесно седат: Атанас Филипов, Јосиф Филипов, Дичо Филипов, Иван Филипов, Нестор Филипов, Стефан Филипов. Стојат: Гале Јосифов, Петар Јосифов, Филип Иванов, непознат

Филипови се мијачки резбарски род кои водат потекло од малореканското село Осој. Тие се автори на огромен број на иконостаси во Македонија, Албанија и Бугарија. Нивни најпознати дела се иконостасите во црквите „Св. Благовештение“ во Прилеп (1838) и „Св. Ѓорѓи“ во Јамбол (1897).