Марко Стојановиќ

глумец, пантомимичар, културен работник

Марко Стојановиќ (српски: Марко Стојановић; р. 2 јануари 1971 во Белград) — српски драмски уметник и културен, хуманитарен и спортски работник.[1][2]

Марко Стојановиќ
Стојановиќ во 2008 година
Роден(а)2 јануари 1971(1971-01-02)(53 г.)
Белград, СФРЈ СФР Југославија
НационалностСрбин

Бил директор на Младинскиот дом во Белград од 2013 до 2015 година, еден од основачите и претседател на Светската организација на пантомимичари и претседател на Националниот сојуз за карлинг во Србија. Бил доцент за предметите глума и сценско движење и шеф на катедрата за глума на Академијата за убави уметности во Белград, а денес е вонреден професор за предметот сценско движење на катедрата за глума на Универзитетот Синергија во Бијељина, Република Српска, и соработник за односи со јавност и гостински предавач на Универзитетот Сингидунум.

Бил вклучен во создавањето на идејата за светски ден на пантомимата, кој се прославува на 22 март секоја година од 2011 година.

Образование

уреди
 
Изведби на пантомима од страна на Марко Стојановиќ
 
Изведби на пантомима од страна на Марко Стојановиќ
 
Изведби на пантомима од страна на Марко Стојановиќ
 
Изведби на пантомима од страна на Марко Стојановиќ
 
Изведби на пантомима од страна на Марко Стојановиќ
 
Изведби на пантомима од страна на Марко Стојановиќ

Дипломирал на катедрата за глума на белградскиот Факултет за драмски уметности.

Завршил специјализација на Меѓународната школа за пантомимаМарсел Марсо“ во Париз во 1994 година.[3]

Филмографија

уреди

Глумец

уреди
  • 2014 Тенор /„Д-р Франц“/
  • 2011 Кориолан /„Граѓанин“/
  • 2009 Мансарда 2 (ТВ-серија)
  • 2007 Кафанче близу СиС (ТВ серија)
  • 2006-2007 Агенција за СиС (ТВ серија) /„Славко“/
  • 2004 Караѓорѓе и театар (ТВ серија) /„Французин“/
  • 2003 Бунга банга ре (ТВ серија)
  • 2003 Професионалец /„Човек со глава“/
  • 2002 Хотел со 7 ѕвезди (ТВ серија)
  • 1997 Мала школа на животот (ТВ серија)
  • 1997 Грозница на саботните вечери (ТВ серија)
  • 1996 Среќни луѓе (ТВ серија) /Полицаец приправник/
  • 1995 Провалник (ТВ филм) /„Јовица“/
  • 1991 Ars longa, vita brevis (краток игран филм) /„Студент“/
  • 1990 Catharsis (краток игран филм) /„Момак“/

Награди и признанија

уреди

Како уметник и општественик работник добил дваесетина признанија, помеѓу останатите и: Трофеј „Спорт и младост“ на Меѓународниот олимписки комитет за работа со младите и промоцијата на олимпизмот, Црвено гран при на Радио Белград 202, Оскар на популарноста, Најдобар глумец во куклената претстава „Девојчето со кибритчињата“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ на Фестивалот на југословенските детски театри во Котор и други.[4]

  • 2015: Признание „Амбасадор на конгресниот туризам на Србија“ за 2015 и 2016 година од страна на Конгресното биро на Србија при Туристичката организација на Србија;
  • 2015: „Признание на компанијата Биомелем“ за поддршка на развојот на женското претприемништво преку проектот „Србија со душа“ (Serbian Soul Inclusive) и за поддршка на образованието на младите преку „Школа за претприемништво“;
  • 2014: „Признание за придонес кон информирањето на младите, промоцијата на вештините и вистинските вредности“ на здружението на граѓани „Мој херој“;
  • 2014: „Плакета за извонреден придонес кон унапредувањето на положбата и подобрувањето на квалитетот на животот на Ромите во Република Србија“ по повод обележувањето на Светскиот ден на Ромите од Националниот совет на ромското национално малцинство во Република Србија;
  • 2013: „Специјално признание за креативен придонес во развојот на културата на комуникацијата“ на Здружението за пазарни комуникација во Србија;
  • 2013: „Награда за најдобра младинска претстава во целост“ на Меѓународниот фестивал на детски и младински театарски претстави, Јагодина;
  • 2013: „Плакета на Фестивалот за придонес во развојот и популаризацијата на пантомимската уметност во Србија“ на 38. фестивал за монодрама и пантомима во Земун;
  • 2010: „Ѕвезди на Белград“, признание на Агенцијата за европски интеграции и соработка со здруженијата на Град Белград како автор на проектот „Музика на тишината“;
  • 2010: „Диплома Драгослав Симиќ“ за режија на претставата „Дрво на животот“ на 10. Фестивал на кратки драмски творби Белград;
  • 2009: Специјална награда „Спорт до култура“ на Меѓународната федерација за спортски филм и телевизија за организација на првиот Белградски фестивал на спортскиот филм;
  • 2008: Трофеј „Спорт и млади“ на Меѓународниот олимписки комитет за работа со младите и промоција на олимпизмот;
  • 2008: Кристален медал и диплома со почесен венец од Светската федерација за спортски филм и телевизијата за промоција на филмовите со спорт и лицата со инвалидитет, особено во текот на обележувањето на Светскиот ден за инвалидитет;
  • 2007: Специјална награда и диплома со почесен венес од Светската федерација за спортски филм и телевизијата за режија на краткиот документарен филм „Олимписка соба“
  • 2007: Награда за особен придонес во развојот на спортот во Србија од општината Петровац на Млава
  • 2004: Оскар на популарноста за комичната претстава во 2003 година „Избори, бидејќи тоа го баравте“
  • 2004: МЕЛКО за комичната претстава во 2003 година „Избори, бидејќи тоа го баравте“
  • 1998: Двоен добитник на Црвеното гран при на Радио Белград 202 за хуманитарната работа;
  • 1996: Најдобар глумец во куклената претстава „Девојче со кибритчиња“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ на Фестивалот на југословенскиот детски театри во Котор;
  • 1996: Најдобар глумец во куклената претстава „Девојче со кибритчиња“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ на Републичкиот фестивал на куклени театри во Зрењанин;
  • 1996: Награда за достигнувања во пантомимата за улогата во претставата „Девојчето со кибритчињата“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ на фестивалот „Фестивалче“ во Белград;
  • 1996: Годишна награда „Божидар Валтровиќ“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ за улога во претставата „Девојче со кибритчиња“;
  • 1991: Специјална награда на 19. Меѓународен фестивал на монодрамата и пантомимата во Земун за претставата „Bloody Sports
  • 1991: Специјална диплома на 41. Фестивал на професионалните војводински театри во Зрењанин за главната улога во претставата „Панчевачко кабаре“;
  • 1991: Најдобра претстава на Фестивалот БАП за режија на претставата „Адвокат Патлен“;
  • 1991: Награда „Сестри Јанковиќ“ од Факултетот за драмски уметности во Белград за посебни достигнувања во комедијата;
  • 1990: Награда „Сестри Јанковиќ“ од Факултетот за драмски уметности во Белград за посебни достигнувања во комедијата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди