Марија била византиска царица и августа, сопруга на царот Лав III Исавријанин. Се смета дека била ќерка на бугарскиот хан Тервел[1].

Марија
Византиска царица
Роден(а)7 век
Починал(а)8 век
СопружникЛав III Исавријанин
ДецаКонстантин V
Ана
Козма
Ирина
Полно име
Марија
ДинастијаСириска династија

Марија била омажена за Лав III, најверојатно уште додека тој ја имал должноста стратег на тема Анадолија.

На 25 ноември 717 година по државниот удар, Лав III бил крунисан за цар во катедралата Аја Софија во византиската престолнина Цариград. Во тоа време Марија веќе се споменува во историските извори како негова сопруга.

Во јули 718 година во текот на опсадата на Цариград од Арапите, Марија родила син, идниот Константин V. Во август истата година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел што ставило крај на опсадата. На 25 август 718 година Марија официјално ја добила титулата августа. На истиот ден цариградскиот патријарх Герман I Цариградски го крстил синот на царската двојка. Во 720 година Константин V е бил прогласен за соцар.

Марија и Лав имале четири деца:

Надворешни врски

уреди
Претходник
Теодора Хазарска
Византиска царица
717–741
Наследник
Ирина Хазарска и Ана
  1. Maria von Bulgarien, Kaiserin, geb. um 685…. Архивирано од изворникот на 2009-06-04. Посетено на 2015-08-12.