Марду (естонски: Maardu) — град и општина во Естонија, со население од 16,512 жители според податоци од 2012 година, зафаќа површина од 22,76 км2 и се наоѓа во округот Харју. Градот всушност претставува градско подрачје од Талин.

Марду
Град
Општина
Знаме на МардуГрб на Марду
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Estonia" does not existМестоположба на градот на картата на Естонија
Координати: 59°28′41″N 25°00′58″E / 59.47806° СГШ; 25.01611° ИГД / 59.47806; 25.01611
Земја Естонија
Округ Харју
Прво споменување1241
Градски статус1980
Површина
 • Вкупна22,76 км2 (879 ми2)
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2012)
 • Вкупно16.512
 • Густина7,3/км2 (19/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код74111
Мреж. местоwww.maardu.ee

Историја

уреди

Марду своите почетоци ги има како индустриско населено место. Благодарение на своите фосфати, во 1939 година населеното место започнало да се развива. Пред 1963 година Марду имал статус на индустриско населено место, додека во 1980 година довил статус на град. Во 1991 година Марду добил статус на посебна административна единица.

Географија

уреди

Градот Марду се наоѓа на брегот на заливот Муга (дел од Финскиот Залив). Се наоѓа на околу 15 километри североисточно од главниот град Талин, во непосредна близина на автопатот Талин - Нарва.

Во јужниот дел на градот се наоѓа езерото Марду, западно од градот тече реката Пирита, додека на север се наоѓа пристаништето Муга.

Административна поделба

уреди

Марду може да биде поделен на четири дела:

  • Калавере, центарот на градот
  • Муга, поранешен град-градина
  • Карму, индустриска зона
  • Кроди, индустриска зона

Население

уреди
Година Население
по година
[1]
2001 16 729
2002 16 706
2003 16 677
2004 16 648
2005 16 601
2006 16 570
2007 16 550
2008 16 549
2009 16 531
2010 16 529
2011 17 524

Пристаништето во градот е најголемо карго пристаниште во Естонија. Според пописот од 2000 година, населението на градот броело 16.738 жители. 61,7% биле Руси, 19,9% Естонци, 6,6% Украинци, 5,7% Белоруси, 1,5% Татари, 0,9% Финци, 0,6% Полјаци, 0,5% Литванци, 0,2% Латвијци, 0,2% Германци и 0,1% Евреи. Процентот на Естонците бил еден од најниските во Централна и Западна Естонија.

Образование

уреди

Во градот има четири училишта: средно училиште на естонски јазик како и две училишта на руски јазик и училиште за уметност.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди