Љубански манастир
Љубански манастир — манастир во скопското село Љубанци.[1] Прогласен е за споменик на културата на Македонија.
Дворот на манастирот со камбанаријата | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Никола“ - Љубанци |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Никола |
Епархија | Скопска |
Цркви | Црква „Св. Никола“ |
Личности | |
Место | |
Место | с. Љубанци, Општина Бутел Македонија |
Координати | 42°6′35″N 21°28′10″E / 42.10972° СГШ; 21.46944° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Местоположба
уредиМанастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Љубанци, од каде води тесен асфалтиран пат.[2]
Историја
уредиМанастирот бил обновен во 1847 година.[2] Според месното прeдание, манастирот бил подигнат по видение во сон на селанецот Бојко Раев, кој станал и негов ктитор.[3]
Во текот на XIX и XX век, во манастирот доаѓало голем дел од населението за време на манастирскиот собор, кој се одржува и денес на 22 мај.[2]
Поради поволната клима, за време на Втората светска војна, манастирот служел како воздушна бања за болните од туберкулоза.[4]
Кон крајот на XX век, манастирот бил во лоша состојба, со полуразрушени конаци и пропадната црква.[2]
Градби во манастирот
уредиОд манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите конаци и други помошни стопански објекти.
Црква „Св. Никола“ - Љубанци
уредиЦрквата поседува зачуван живопис.[2] Иконостасот во манастирската црква бил изработен од познатиот мајстор Дичо Зограф.[4]
Конаци
уредиОколу храмот се наоѓаат два конака.[2]
Во 2015 година започнала конзервација и реставрација на конакот во манастирот.[4]
Монаштво
уредиДо 1960 година, манастирот функционирал како машки манастир, додека во 1998 година бил возобновен како женски манастир.[4] Денес, во него живеат три монахињи.[3]
Галерија
уреди-
Стариот конак
-
Влезот
-
Влезот
-
Камбанаријата
-
Конаците
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
- ↑ 3,0 3,1 „ФОТО ГАЛРЕЈА: Манастирот Свети Никола во скопско Љубанци“. zase.mk. Посетено на 2020-03-04.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Се врши конзервација на манастирот „Св. Никола“ во Љубанци“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 16.
Надворешни врски
уреди„Љубански манастир“ на Ризницата ? |