Манастир Св. Никола (Манастир)

археолошко наоѓалиште во Македонија

За современата црква, видете Црква „Св. Никола“

Манастир Св. Никола

Карта

Местоположба 41°10′05″N 21°43′41″E / 41.16806° СГШ; 21.72806° ИГД / 41.16806; 21.72806
Основни податоци
Место Манастир
Општина Прилеп
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Манастир Св. Николаархеолошко наоѓалиште во прилепското село Манастир. Претставува средновековна црква и некропола.

Во непосредната близина на селото, од јужната страна се наоѓа манастирската црква „Св. Никола“, која е трикорабна базилика и со две фази на градба. Постарата црква била подигната во 1095 година, а поновата (сегашната) во 1266 година и живописана во 1271. Пред влезот, како и во црквата, има мермерни сполии од римското време, а на просторот околу неа и средновековна некропола. Во текот на конзерваторските работи на црквата се преземени и археолошки ископувања во северниот дел на манастирскиот двор каде што се откриени 12 гроба со конструкции од камени плочи или делумно оградени со камен. Според гробните прилози, некрополата била употребувана во XIV до XV век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 304, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Macedoniae Acta Archaeologica, број 19, 2010 година