Градок - Маркови Кули

археолошко наоѓалиште во Манастир, Прилепско
(Пренасочено од Маркови Кули - Градок)
Градок – Маркови Кули

Карта

Местоположба 41°10′27″N 21°43′11″E / 41.17417° СГШ; 21.71972° ИГД / 41.17417; 21.71972
Основни податоци
Место Манастир
Општина Прилеп
Тип

 утврдена населба  тврдина  базилика

Период раноантичко време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Градок – Маркови Кули – утврдена населба од раната антика, доцната антика и средновековна тврдина.[1] Се наоѓа на утоката на Лесничка во Црна Река.

На висок рид со зарамнето плато наречен Градок има остатоци од бедем широк околу 2 м, граден од поголеми и помали приделкани камења. На југоисточниот крај на ридот се гледаат остатоци од трикорабна базилика, со димензии од 15 × 8 м, ѕидана од приделкан камен, тули и варов малтер, од која апсидата и делови од бочните ѕидови се делумно зачувани. На десетина метри југозападно од неа се гледаат остатоци од мала црквичка, градена од истиот материјал и во истата техника. По целата површина на тврдината има остатоци од градби, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.[2]

Во југоисточниот и југозападниот дел од тврдината има остатоци од трикорабна базилика и помала црквичка, а во нивна непосредна близина и на поширокиот простор остатоци од стопански и од станбени објекти. Во јужниот и северниот кораб и во северната припрата од базиликата се најдени шест средновековни гробни конструкции.

Доцноантичките објекти припаѓаат на мала населба од IV-VI век, од која во средниот век се обновени дел од фортификацијата и сакралните, стопанските и станбените објекти. Наодите на монета од Јован I Цимискиј, неколкуте ситни примероци на бронзен накит од X–XII век, бројното присуство на фрагменти од средновековни керамички садови и предмети од ковано железо на целиот простор од возвишенијата на брдото го потврдуваат постоењето на тврдината и на дел од објектите низ средниот век.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 390. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 304. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди