Младински олимписки игри

Младинските олимписки игри се меѓународен спортски настан организиран од Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Игрите се организираат секои четири години и се состојат од летни и зимски спортови согласно моменталниот формат на Олимписките игри. Првото летно издание на игрите беше одржано во Сингапур од 14 до 26 август 2010 додека првото зимско издание беше одржано во Инсбрук, Австрија од 13 до 22 јануари 2012.[1] Старосната граница на спортистите изнесува од 14 до 18 години.[2] Идејата за ваков настан била воведена од австриецот Јохан Росензоф во 1998 година. На 6 јули 2007 година, членовите на Меѓународниот олимписки комитет на 119. заседание во Гватемала го одобриле создавањето на младинско издание од Олимписките игри, со намера на поделба на трошоците на организирање на игрите помеѓу МОК и градот домаќин, додека пак трошоците за патување на спортистите и тренерите ќе бидат платени од МОК. Овие игри исто така вклучуваат програми за културна размена и можности за учесниците да ги запознаат олимписките спортисти.

Младински олимписки игри
Летни младински игри
Зимски младински игри
Спортови
Летни:
  • Атлетика
  • Бадминтон
  • Бокс
  • Борење
  • Велосипедизам
  • Веслање
  • Гимнастика
  • Голф
  • Едрење
  • Кану
  • Коњички спорт
  • Кошарка
  • Кревање тегови
  • Мечување
  • Одбојка
  • Одбојка на плажа
  • Пинг понг
  • Пливање
  • Рагби-7
  • Ракомет
  • Скокови во вода
  • Современ петобој
  • Стрелаштво
  • Стреличарство
  • Теквондо
  • Тенис
  • Триатлон
  • Фудбал
  • Хокеј на трева
  • Џудо
Зимски:
  • Алпско скијање
  • Биатлон
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Брзо лизгање на кратки патеки
  • Карлинг
  • Нордиска комбинација
  • Санкање
  • Скелетон
  • Скијачки скокови
  • Скијачко трчање
  • Слободно скијање
  • Сноубординг
  • Уметничко лизгање
  • Хокеј на мраз

Неколку други олимписки настани за младите спортисти, како Европскиот младински олимписки фестивал и Австралискиот младински олимписки фестивал се покажале како успешни. Младинските олимписки игри се создадени по овие спортски настани,[3] и тие се наследник на прекинатите Светски младински игри.

Летните младински олимписки игри одржани во Сингапур во 2010 и Нанѓинг во 2014 биле домаќин на 3600 млади спортисти и траеле 13 дена, додека пак Зимските младински олимписки игри одржани во Инсбрук во 2012 угостиле 1059 млади спортисти и траеле 10 дена. И покрај тоа што овие бројки ги надминале првичните проценки,[4][5] сепак овие настани се помали и пократки од нивните сениорски еквиваленти. Следните зимски младински олимписки игри ќе бидат одржани во 2016 во Лилехамер.

Историја

уреди

Концептот за младинските олимписки игри бил предложен од австрискиот индустриски менаџер Јохан Росензоф во 1998 година.[6] Ова било одговор на растечката глобална загриженост за дебелината на децата и нивното намаленото учество во спортски активности, особено во развиените земји.[7] И покрај овие причини да се има олимписки настан за младите луѓе, МОК не се согласил настанот да биде чисто спортски.[8] Делегатите на МОК сакале настанот да биде за културно образование и размена колку што бил за спорт, поради тоа програмата за култура и образование била развиена како дел од секое организирање на игрите.[8] Жак Рог, претседателот на МОК, формално објавил планови за младинските олимписки игри на 119. заседание во Гватемала на 6 јули 2007 година.[9] Постојат неколку цели за младинските олимписки игри, а четири од нив се: собирање на најдобрите светски млади спортисти, нудење вовед во олимпизмот, иновации во образованието и водење дискусии за олимписките вредности.[10]

Барања до градовите домаќини

уреди

Опсегот на младинските олимписки игри е помал од Олимписките игри, кој е намерен и овозможува помали градови да организираат олимписки настан. Потенцијалните градови домаќини се обврзани сите спортски дисциплини да ги одржат во рамките на градот и нови спортски собиралишта не треба да бидат изградени.[10] Исклучок на вториот услов е изградба на центар за медиуми, амфитеатарски објекти за одделенија и работилници и село за спортистите и тренерите.[10] Ова село треба да биде срцето на игрите за спортистите и центар на сите активности.[10] Не се бараат нови или посебни системи на транспорт бидејќи сите спортисти и тренери се превезуваат со превозни средства.[10] Во однос на кандидатурите, стадионот на кој ќе се одржуваат атлетските дисциплини и на кој ќе се одржат церемониите на отворање и затворање на игрите мора да собира 10.000 луѓе и исто така градот мора да има базен на кој ќе се одржат водените спортови со 2.500 седишта.[11]

Учество

уреди

Преку 200 земји и 3,600 спортисти се натпреварувале на воведните Летни младински олимписки игри во 2010 година.[12] Учесниците се сместени во следниве старосни групи: 14–15 години, 16–17 години, и 17–18 години.[13] Годините на спортистите се одредени по тоа колку тие би имале на 31 декември во годината во која се натпреваруваат на игрите.[10] Квалификационите норми за учество на младинските олимписки игри се одредени од МОК и меѓународните спортски федерации за различните спортови на програмата.[10] Да се осигура дека сите земји се застапени на игрите, МОК го вовел концептот на универзални места. Одреден број места во секој спорт се оставаат отворени за спортистите од недоволно застапените земји без разлика на квалификациските норми. Тоа е така со цел да се осигура дека секоја земја ќе испрати барем четири спортисти на секои младински олимписки игри.[10] Во тимските спортови учествуваат пет екипи, по една од секој континент, а шестата екипа може да биде или домаќинот или некоја друга екипа предложена од страна на меѓународните федерации со дозвола од МОК.

Спортови

уреди

Спортовите одржани на младинските игри се исти како оние кои се организираат за сениорските игри, но со некои адаптации и со ограничен број на дисциплини.[14] На пример, во водените спортови, МОК одлучил да ги вклучи пливачките дисциплини и скоковите во вода но ги исклучил синхронизираното пливање и ватерполото.[15] Некои од спортовите биле изменети за игрите. Кошаркарскиот турнир се игра по форматот три на три, каде периодите на играње траат по пет минути и победник е онаа екипа која прва ќе постигне 33 бода.[16] Во натпреварите во велосипедизам се вклучени дисциплините планински и друмски велосипедизам и BMX, додека пак велодромскиот велосипедизам не е дел од програмата.[17] На програмата може да бидат додадени и други спортови доколку тие се поддржани од соодветни меѓународни спортски федерации. Во ноември 2007 година било откриено дека петобојот ќе биде вклучен, како и едрењето, давајќи предност на градовите кандидати кои се наоѓаат покрај вода.

Зимските младински игри вклучуваат седум спортови. Хокејот покрај машкиот и женскиот турнир, вклучува и натпревар во поединечни вештини.[18] Во санкањето, уметничкото лизгање и брзото лизгање на кратки патеки има мешани дисциплини, кои дозволуваат спортисти од различни земји да се натпреваруваат заедно во екипи. Алпското скијање и скијачкото трчање вклучуваат дисциплини во кои мажите и жените се натпреваруваат заедно во мешани екипи.[18]

Список на младински олимписки игри

уреди

Во почетокот на ноември 2007 година, Атина, Бангкок, Москва, Сингапур, и Торино биле одбрани од страна на МОК како пет градови кандидати кои ќе ги организираат воведните младински олимписки игри.[19] Во јануари 2008 година, изборот бил скратен помеѓу Москва и Сингапур. Конечно, на 21 февруари 2008 година, Сингапур бил назначен за град домаќин преку програма во живо од Лозана, Швајцарија, победувајќи ја Москва со резултат 53-44.[20]

На 2 септември 2008 година, МОК објавил дека извршниот одбор го стеснил изборот на градови кандидати кои ќе ги организираат првите Зимски младински олимписки игри. Четирите градови кандидати биле Инсбрук, Куопио, Лилехамер и Харбин.[21] Претседателот на МОК, Жак Рог ја назначил Пернила Виберг да ја предводи комисијата која ги организирала проектите. Во ноември 2008, изборот бил скратен помеѓу Инсбрук и Куопио. На 12 декември 2008 година дека Инсбурк го победил Куопио и ќе биде организатор на игрите.[21]

Нанѓинг го победил Позњан и ја добил организацијата на Летните младински олимписки игри 2014. Изборот бил одржан на 10 февруари 2010 година, два дена пред почетокот на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер.[22] Лилехамер ќе биде домаќин на Зимските младински олимписки игри 2016.[23] Во овој момент, Хобарт (Австралија), Њујорк (САД) и Монтереј (Мексико) шпекулирале понуди за Летните младински олимписки игри 2023.[24]

Летни игри

уреди
Година Игри Домаќин
2010 1. Летни младински олимписки игри   Сингапур
2014 2. Летни младински олимписки игри   Нанѓинг
2018 3. Летни младински олимписки игри   Буенос Аирес

Зимски игри

уреди
Година Игри Домаќин
2012 1. Зимски младински олимписки игри   Инсбрук
2016 2. Зимски младински олимписки игри   Лилехамер
2020 3. Зимски младински олимписки игри   Лозана

Наводи

уреди
  1. „FIS in favor of Youth Olympic Games“. FIS. 8 May 2007. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 20 May 2007.
  2. „No kidding: Teens to get Youth Olympic Games“. USA Today. 25 April 2007. Посетено на 19 May 2007.
  3. „Rogge wants Youth Olympic Games“. BBC Sport. 19 March 2007. Посетено на 19 May 2007.
  4. „IOC to Introduce Youth Olympic Games in 2010“. 25 April 2007. Архивирано од изворникот на 2015-05-08. Посетено на 20 May 2007.
  5. „1st Summer Youth Olympic Games in 2010“ (PDF). Меѓународен олимписки комитет Department of Communications. 2007. стр. 8. Архивирано од изворникот (pdf) на 2007-11-18. Посетено на 24 August 2007.
  6. „Olympischer Frieden“. Frankfurter Allgemeine Zeitung. 27 December 2010. Посетено на 4 February 2011.
  7. „Youth Olympic Games“ (pdf). Меѓународен олимписки комитет. стр. 28. Посетено на 20 May 2011.
  8. 8,0 8,1 „Youth Olympic Games“ (pdf). Меѓународен олимписки комитет. стр. 35. Посетено на 20 May 2011.
  9. „IOC Session: A "go" for Youth Olympic Games“. Меѓународен олимписки комитет. 5 July 2007. Посетено на 5 July 2007.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 „Factsheet Youth Olympic Games“ (PDF). Меѓународен олимписки комитет. February 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-24. Посетено на 20 May 2011.
  11. „2018 Youth Olympic Games: Appraising Abuja's Bid Plan“. Leadershipeditors.com. 19 March 2011. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 20 May 2011.
  12. „About Us“. Singapore 2010 Youth Olympic Games. Архивирано од изворникот 2012-05-25. Посетено на 19 May 2011.
  13. „Youth Olympic Games“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 19 May 2011.
  14. Murphy, Pam. „Youth Olympics:Which Sports?“. Livestrong.com. Посетено на 12 July 2011.
  15. „Sports-Aquatics“. Singapore 2010 Youth Olympic Games. Архивирано од изворникот 2012-05-27. Посетено на 12 July 2011.
  16. „Sports-Basketball“. Singapore 2010 Youth Olympic Games. Архивирано од изворникот 2012-05-27. Посетено на 12 July 2011.
  17. „Sports-Cycling“. Singapore 2010 Youth Olympic Games. Архивирано од изворникот 2012-05-27. Посетено на 12 July 2011.
  18. 18,0 18,1 „Sports events and eligibility requirements“. Innsbruck 2012 Youth Olympic Games. Посетено на 12 July 2011.
  19. „Teenage Kicks: The Inaugural Youth Olympic Games“. SportsPro. Посетено на 12 July 2011.
  20. „Factsheet Youth Olympic Games“ (PDF). Меѓународен олимписки комитет. Архивирано од изворникот (pdf) на 2012-03-24. Посетено на 12 July 2011.
  21. 21,0 21,1 „Innsbruck Elected To Host the Inagural Youth Olympic Winter Games In 2012“. Gamesbids.com. Архивирано од изворникот на 2010-12-28. Посетено на 12 July 2011.
  22. „Nanjing, China Elected To Host 2014 Summer Youth Olympic Games“. Gamesbids.com. Архивирано од изворникот на 2011-08-10. Посетено на 12 July 2011.
  23. Lillehammer awarded 2016 Winter Youth Olympic Games
  24. Olympic Agenda 2020

Надворешни врски

уреди