Македонско-руски односи
Македонско-руски односи — надворешни односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Овие односи се одликуваат со високо ниво на соработка меѓу двете земји.[1]
Македонија |
Русија |
---|
Русија ја признала Република Македонија на 4 август 1992 година, по една година откако земјата прогласила независност од Југославија во септември 1991 година. Русија била првата голема сила во светот која ја признала независноста на Македонија под нејзиното уставно име — Република Македонија, факт кој е многу ценет во Македонија.[2] Дипломатски односи биле воспоставени на 31 јануари 1994 година. Помеѓу 1994 и 2009, Македонија и Русија потпишале над 40 спогодби.[2]
На 6 октомври 1994 година, Владата на Руската Федерација донела Одлука за трансформирање на Претставништвото на Русија во Скопје, во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. На 27 јануари 1998 година Претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија, во Москва, ја потпишале Декларацијата за пријателство и соработка меѓу двете земји. На 22 мај 2002 година, во Битола бил свечено отворен Почесен конзулат на Руската Федерација[3].
По повод 65-годишнината од победата во Големата татковинска војна, македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 9 мај 2010 година бил во посета на Москва каде се сретнал со рускиот претседател Димитриј Медведев[4].
Една од најголемите руски инвестиции во Македонија е Лукоил.
Наводи
уреди- ↑ Interview of President Gjorge Ivanov with ITAR-TASS Архивирано на 22 јули 2011 г. Macedonian Information Agency. 19-04-2010
- ↑ 2,0 2,1 Macedonian Information Agency Архивирано на 8 март 2012 г. 'Macedonia, Russia mark 15 jubilee of diplomatic ties'
- ↑ „ОСНОВНИ ДАТУМИ ВО НАЈНОВАТА ИСТОРИЈА НА РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ“. Посетено на 2011-08-04.
- ↑ „Претседателот Иванов во Москва на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот“. http://www.alfa.mk. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2012-11-18. Надворешна врска во
|publisher=
(help)