Македонија учествуваше на Детска Евровизија 2017 што се одржа на 25 ноември 2017 во Тбилиси, Грузија. Македонскиот радиодифузер МТВ бил одговорен за организирање на нивниот претставник на натпреварот. Мина Блажев беше интерно одбрана на 8 септември 2017 како македонска претставничка и нејзината песна за натпреварот, "Dancing Through Life", беше објавена на 8 октомври 2017.
На 8 септември 2017, македонскиот радиодифузер објави дека ја одбрале 14-годишната пејачка Мина Блажев интерно да ја претставува Македонија на Детска Евровизија 2017.[1] Нејзината песна за натпреварот, "Dancing Through Life" беше објавена на 8 октомври 2017 заедно со нејзиното музичко видео.Напишана е и компонирана од Александар Масевски.
За време на церемонијата на отворањето и ждрепката за редоследот која се одржала на 20 ноември 2017, Македонија била извлечена да настапи 8ма на 26 ноември 2019, после Ирска и пред Грузија.[2]
Резултатите од Детска Евровизија 2017 биле одлучени од национални жирија и онлајн гласање од публиката. Секоја држава имала национално жири кое се состоело од три професионалци од музичката индустрија и две деца на возраст меѓу 10 и 15 кои се жители на државата што ја претставуваат. Од жирито било побарано да го оцени секој натпреварувач засновано на: вокален капацитет, сценска изведба, композицијата на песната и оригиналност, и целокупен впечаток од настапот. Дополнително, ниту еден член на национално жири не смеел да биде поврзан на ниту еден начин со некој од учесниците на таков начин што тие не можат да гласаат непристрасно и независно. Првата фаза на онлајн гласањето започнала на 24 ноември 2017 кога резиме од сите пробни настапи ќе биде прикажано на junioreurovision.tv пред гледачите да може да гласаат. После ова, гласачите ќе имаат можност да гледаат и подолги едно-минутни видеа од пробата на секој натпреварувач. Првата рунда завршила во недела, 26 ноември, во 15:59 CET. Втората фаза од онлајн гласањето се случила за време на преносот во живо, и започната веднаш по последниот настап и била отворена 15 минути. Меѓународните гледачи можеле да гласаат за минимум 3 земји, а максимум 5. Тие исто така можеле да гласаат и за песната на својата земја. Овие гласови после биле претворени во бодови кои што ќе бидат одредени од процентот на добиени гласови. На пример, ако песна добие 20% од гласовите, ќе добие 20% од достапните бодови. Јавното гласање го одредувало 50% од финалниот резултат, додека другите 50% доаѓале од професионалните жирија.