Мина Блажев
македонска пејачка
Мина Блажев (родена на 12 јуни 2003 во Скопје) — македонска пејачка. Таа ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2017 во Тбилиси, Грузија.[1]
Мина Блажев | |
---|---|
Роден(а) | 12 јуни 2003 Скопје, Република Македонија |
Жанрови | поп |
Занимања | пејачка |
Инструменти | вокал |
Животопис
уредиМина ја освоила Бисерната награда на Меѓународниот музички фестивал „Езерски Бисери“ во 2017 година. Таа исто така била дел од талент шоуто Пинкови ѕвездички. Има освоено 7 први награди, 3 втори награди и 1 трета награда на државни и меѓународни натпревари. Посетува часови по пеење на Музичката академија Ѕвездички.
Освен настапување на сцена, Мила е љубител и на танцување. Нејзините најголеми идоли се Аријана Гранде и Џастин Бибер.
Во септември 2017, таа го освои националното финале за Детска Евровизија 2017, освојувајќи најмногу бодови од жирито.
Наводи
уреди- ↑ „Mina Blažev - North Macedonia - Tbilisi 2017“. junioreurovision.tv (англиски). Посетено на 2021-01-29.