Магнус Ерлингмарк

Пер Магнус Ерлингмарк (8 јули 1968) бил поранешен шведски фудбалер кој играл на позициите дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач, односно на речиси сите позиции. Бил сестран играч, а најмногу бил запомнат по неговото време поминато во тимот на ИФК Гетеборг каде освоил четири титули во Алсвенскан, првата шведска лига. Интернационалец бил помеѓу 1990 и 1998 година, кога одиграл 37 натпревари за репрезентацијата на Шведска и тоа на УЕФА ЕВРО 1992 и на Светското првенство на ФИФА во 1994 година ,каде Шведска завршила на третото место и го освоила бронзениот медал во директен дуел со екипата на Бугарија.

Клупска кариера

уреди

Почетна кариера

уреди

Ерлингмарк ја започнал својата кариера со тимот БК Форвард пред да потпише со тимот од Алсвенскан Еребру во 1989 година.[1] Откако одиграл повеќе од 100 натпревари за тимот на Еребру, тој потпишал со екипата на ИФК Гетеборг пред почетокот на сезоната на Алсвенскан лигата во 1993 година.[1]

ИФК Гетеборг

уреди

Ерлингмарк му помогнал на ИФК Гетеборг да освои четири последователни титули во Алсвенскан лигата помеѓу 1993 и 1996 година [1] Неговиот најнезаборавен период со клубот дошол за време на сезоната 1994-1995 на УЕФА Лигата на шампионите, каде што му помогнал на Гетеборг да ја освои групната фаза пред ФК Барселона, Манчестер Јунајтед и Галатасарај постигнувајќи четири гола.[2] Тој одиграл вкупно 471 натпревар за клубот од 1993 година до неговото пензионирање во 2004 година.[3]

БК Хакен

уреди

Ерлингмарк кој веќе бил пензиониран решил повторно да се врати на фудбалските терени, да влезе во Алсвенскан лигата и во 2005 година потпишал за екипата на БК Хекен. Целата сезона бил резервен играч и не заиграл на ниту еден натпревар.[1][4]

Меѓународна кариера

уреди

Младинска кариера

уреди

Ерлингмарк ја претставувал репрезентацијата на Шведска до 21 година на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 1990 година, каде што Шведска стигнала до полуфиналето каде била елиминирана од тогашниот Советски Сојуз.[5] За шведскиот тим до 21 година настапил вкупно 10 пати и постигнал еден гол.[5]

Сениорска кариера

уреди

Ерлингмарк својот прв натпревар за репрезентацијата на Шведска го одиграл во пријателскиот натпревар против Обединетите Арапски Емирати кој завршил со пораз од 1:2.[5] На 17 април 1992 година, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол за тимот на Шведска во пријателскиот натпревар против екипата на Грција 2-2.[5]

Бил играч на репрезентацијата на УЕФА ЕВРО 1992 година на кое Шведска стигнала до полуфиналето и го имал својот единствен настап на турнирот како замена за Андерс Лимпар во победата од 1-0 во групната фаза против подоцнежниот шампион на УЕФА ЕВРО 1992 година репрезентацијата на Данска.[6] Две години подоцна, Ерлингмарк ја претставувал Шведска на Светското првенство во фудбал во 1994 година, на кое Шведска на крајот завршила на третото место.[5] Тој го забележал својот единствен настап на турнирот влегувајќи како замена за Јоаким Бјорклунд. Тоа се случило на натпреварот од групната фаза кога Шведска победила со резултат од 3:1 против репрезентацијата на Русија.[6]

Ерлингмарк го одиграл својот последен меѓународен натпревар за тимот на Шведска на 14 октомври 1998 година, влегувајќи како замена во квалификацискиот натпревар за УЕФА ЕВРО 2000 против тимот на Бугарија, кој Шведска го добила со резултат од 1:0.[5] Одиграл вкупно 37 натпревари за својата земја во периодот од 1990 до 1998 година, притоа постигнувајќи еден гол.[5]

Приватен живот

уреди

Ерлингмарк е татко на професионалниот фудбалер Август Ерлингмарк.[3]

Статистика на кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Преглед на одиграни натпревари и постигнати голови на играчот во најразлични клубови[1][3]
Клуб Сезона Лига, одиграни натпревари и постигнати голови Свенска куп Други* Вкупно
Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
БК Форвард 1985 Дивизија 3 Вестра Свеланд 3 0 3 0
1986 Дивизија 3 Вестра Свеланд 18 4 18 4
1987 Дивизија 1 Нора 26 2 26 2
1988 Дивизија 1 Нора 24 4 24 4
Вкупно 71 10 71 10
Еребро СК 1989 Алсвенскан Прва Шведска лига 22 2 22 2
1990 Алсвенскан 22 2 22 2
1991 Алсвенскан 27 4 27 4
1992 Алсвенскан 31 3 31 3
Вкупно 102 11 102 11
ИФК Гетеборг 1993 Алсвенскан 19 9 3 3 0 0 22 12
1994 Алсвенскан 25 9 1 0 8 4 34 13
1995 Алсвенскан 26 5 6 5 4 0 36 10
1996 Алсвенскан 22 6 7 2 7 2 36 10
1997 Алсвенскан 24 0 3 3 7 0 34 3
1998 Алсвенскан 23 2 4 1 4 0 31 3
1999 Алсвенскан 26 1 8 1 6 0 40 2
2000 Алсвенскан 20 1 5 1 0 0 25 2
2001 Алсвенскан 24 3 3 0 0 0 27 3
2002 Алсвенскан 25 2 3 0 4 0 32 2
2003 Алсвенскан 25 2 3 0 0 0 28 2
2004 Алсвенскан 19 2 3 0 2 0 24 2
Време 278 42 49 16 42 6 369 64
БК Хекен 2005 Алсвенскан 0 0 0 0 0 0
Вкупно во кариера 451 63 49 16 42 6 542 85

* Настап(и) во Лигата на шампионите на УЕФА, Купот на УЕФА, квалификациите за Алсвенскан и Свенска Мастер куп серија.

Меѓународна статистика

уреди
Настапи и голови во репрезентација по година [5]
Репрезентација Година Настапи Голови
Шведска 1990 година 5 0
1991 година 8 1
1992 година 6 0
1994 година 7 0
1995 година 5 0
1996 година 3 0
1998 година 3 0
Вкупно 37 1
Резултати 1 го покажува бројот на голови на репрезентацијата на Шведска, а резултати 2 го покажува секој гол постигнат од страна на Ерлингмарк .
Список на меѓународни голови постигнати од Магнус Ерлингмарк
Број Дата Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар Наводи
1 17 април 1991 година Стадион

Неас Филаделфиас, Атина, Грција

  Грција 1–1 2–2 Пријателски [7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Strack-Zimmermann, Benjamin. „Magnus Erlingmark“. www.national-football-teams.com (англиски). Посетено на 2021-02-25.
  2. „Veteranen Erlingmark lämnar Blåvitt“. SVT Sport (шведски). 2004-11-19. Посетено на 2020-12-01.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Magnus Erlingmark - ifkdb.se“. ifkdb.se. Посетено на 2021-02-25.
  4. „Erlingmark kan göra comeback - i Häcken“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 2021-02-25.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 „Magnus Erlingmark“. Svensk Fotboll. Архивирано од изворникот на 2021-11-30. Посетено на 2021-11-30.
  6. 6,0 6,1 „Magnus Erlingmark — svenskfotboll.se“.
  7. „Grekland - Sverige - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Архивирано од изворникот на 2023-01-22. Посетено на 2021-02-25.