Фернандо Магелан

(Пренасочено од Магелан)

Фернандо Магелан (пролетта 148027 април 1521; португалски: Fernão de Magalhães; шпански: Fernando de Magallanes) — португалски истражувач кој пловел под шпанско знаме. Тој е првиот кој отпловил од Европа до Азија одејќи на запад, прв Европеец кој го преминал Тихиот Океан и прв кој ја водел експедицијата со цел да ја отплови Земјината топка. Иако Магелан трагично го загубил животот на Филипините, пред враќањето во Европа, осумнаесет членови на неговиот екипаж се вратиле во Шпанија 1522 отпловувајќи ја Земјата. Стапил во служба на Шпанија и ја повел експедицијата од 5 брода за да го открие новиот поморски пат за Молучките Острови („Острови на Зачинот“); 1519/1520 го испитал југоисточниот брег на Јужна Америка, и открил 1520, теснец (подоцна наречен Магеланов) и преку него стигнал до големиот океан кој го нарекол Тихи Океан (Пацифик), бидејќи во него не доживеал бура како во Атлантскиот Океан. Стигнал 1521 година на Филипински острови, каде е убиен од отровна стрела, а експедицијата го продолжила патот околу светот, кој траел до 1522 година. Во Шпанија се вратил само бродот „Викторија“ со 18 луѓе, кој бил под водство на Себастијан дел Кан. Со ова прво патување околу светот очигледно е докажано дека Земјата има топчест облик. Магелан ќе остане запаметен по многуте патувања со кои ќе одговори на многу прашања кои дотогаш биле без одговор.

Патот на Магелан
Фернандо Магелан
Роден(а)1480
Саброза, Кралство Португалија
Починал(а)27 април 1521 (на 40–41 г.)
Мактан, Себу, Филипини
НационалностПортугалец
Потпис