Битка за Британија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Битката за Британија или попозната како Воздушна битка за Британија е еден од најголемите настани кои се случиле за време на Втората светска војна. Според некои историчари (Едуард Бишоп, Х.Томас) истата започнала уште во јуни 1940 година, но преовладува мислењето дека вистинската војна на небото над Британија започнува 13 август истата година. Германската авијација позната како Луфтвафе во тоа време располагала со 5 воздушни флоти од кои во Битката за Британија се ангажирани две под команда на фелдмаршалот Алберт Кесерлинг и три под команда на фелдмаршалот Хуго Шперле. Авионите на овие две флоти биле засновани на бреговите на Франција, во Белгија и Холандија. Кесерлинг и Шперле располагале со 2600 авиони од кои 1480 бомбардери, 760 едномоторни ловци, 220 двомоторни ловци и 140 авиони за извидница. Германските "Хенкел", "Дорние" и "Јункерси" не биле прилагодени за изведување на големи воздушни офанзиви, имале слабо вооружување и не биле во состојба да носат поголеми бомби. Едни од најопасните ловечки авиони биле Ме-9 (месершмит), којшто по брзината и висината на лет ги надминувал британските ловци, но заостанувал зад нив по своите маневарски способности. На чело на британското воздухопловство (RAF-Royal Air Force) се наоѓал Хју Даунинг, кој под своја команда имал 4 групи на ловечки авиони односно 60 ескадрили. Во моментот кога Германија го заземала Дернек (4 јуни), Британија имала 446 исправни ловци а 11 август истата година веќе 704 вакви летала. Еден од најдобрите британски ловечки авион бил "спитфајтер" кој по вооружувањето и маневарските способности ги надминувал германските ловци. Веќе во летото 1940 година Британија долж целиот источен брег имала поставено низа од радарски станици за брзо откривање на германските авиони што дало голем придонес во самиот исход на битката. Исто така за одбрана од воздух се користени и околу 2000 против воздушни топови и 3000 противавионски митралези како и околу 1500 преградни балони - аеростати. Иако неусовршени, тогашните радарски ситеми биле во состојба да регистрираат летала дури на далечина од 160 км, па тоа во голема мерка ги спречувало изненадните напади на која што посебно водела сметка германската команда. Во првата етапа на воздушната битка за Британија (13 август - 6 септември), Луфтвафе напаѓала непосредно на британските ловечки авиони, аеродроми, радарски уреди и командни центри. Синовите на Гордиот Албион од првите денови успешно се бранеле. Најголемата воздушна битка се одиграла на 15 август. Тој ден германските абомбардери извршиле 520, а ловците 1270 борбени летови. Пилотите на маршалот Даунинг давале многу силен отпор на напаѓачите. Во битката учествувале 22 британски ескадрили, кои извршиле 899 борбени летови. Наоѓајќи се во вистинско осило од британски ловци, и под урнебесен оган од противавионски топови и митролези, германските бомбардери нанеле минимална штета над објектите а за возврат претрпеле огромна штета. Луфтвафе останала без 76 летала додека британците изгубиле само 34 ловци. Следниот ден во напад биле околу 400 германски бомбардери и околу 1320 ловци. Тие направиле доста големи разурнувања но 45 од своите авиони не се вратиле во своите бази. Секако летањето над британското небо за Германија не претставувал туристички излет, за што најдобро кажуваат податоците за загубата во водушните битки помеѓу Luftwafe и RAF, па така до 18 август 1940 година германците останале без 367 борбени авиони, а Британија без 213. Со нова жестина Луфтвафе започнала напади над самиот Лондон а тоа бил и еден од најкритичните моменти во текот на Битката за Британија. На 7 септември околу пладне започнале да пристигаат бранови од авиони со кукести крстови и да исфрлаат тешки бомби на највиталните делови на англиската претстолница. Бомбардирањето продолжило и во текот на ноќта. Разорнувањата биле огромни а загинале околу 400 и ранети околу 1500 луѓе. Едед од најголемите напади над Лондон бил одигран во ноќта на 15 септември кога градот го нападнале повеќе од 1000 германски авиони. Британската одбрана дејствувала многу храбро, одлучно и прецизно. Посебно лесно излегувале на крај со авионите за обрушување Ју-87 попознати како Штуки. Недостатокот на брзина во текот на искачување и слабите маневарски способности ги правеле штуките немоќни пред брзите спидфајтери и добро вооружените харикени. Луфтвафе во текот на ноќта на 15 септември изгубила 60 а РАФ - 26 авиони. Овој неуспех ја натерало германската команда да се ориентира на ноќните напади на другите поголеми градови и големи индустриски објекти. Со нападаот на историскиот град Ковентри во кој се наоѓале неколку фабрики за авиони и машини, како и низа други индустриски објекти започнува третата етапа на воздушните напади на 14 и 15 ноември. Во неа биле ангажирани околу 500 германски бомбардери кои 10 часа непрекинато бомбардирале. Во градот Ковентри загинале 550 луѓе а околу 860 биле ранети. Покрај Ковентри, во третата фаза на нападите биле бомбардирани и Лондон, Бирмиген, Ливерпул, Саутемптон, Бристол, Плимут, Манчестер, Нотингем, Лидс, Шефилд, Глазгов и др. Поаѓајќи од февруари 1941 година значително е смален интензитетот на бомбардирања, а во текот на втората половина од април и почетокот на мај во три обиди Луфтвафе преземаше масовни напади над Лондон. Ови последни помбардирања имале делумно за цел дезинформативен карактер, за да се остави впечаток дека се започнува со операцијата Морски Лав а со кој се прикривала операцијата Барбароса т.е. престојниот напад на Советскиот Сојуз. Веќе во втората половина на мај 1941 масовните бомбардирања на Англија практично биле прекинати. Според податоците кои ги дава историчарот Лидл Харт. германските авиони срушиле околу милион станбени и многу јавни згради во Британија. Од бомбардирањата загинале околу 40000 а ранети околу 46000 луѓе. Меѓутоа индустриските постројки биле добро бранети, така што во таа облааст немало значителни разорнувања. На Англија биле фрлени околу 60000 тони бомби. РАФ изгубил 915 борбени авиони а Луфтвафе останала без свои 1733 летала. Англиската команда се обидела да возврати на ударите на Луфтвафе, па така во ноќта помеѓу 23 и 24 септември 119 борбени авиони на РАФ полетуваат во правец на Берлин. На цел стигнале само 84 летала. Големите загуби ги принудиле британците да отстапат од таквите напади и да се концентрираат на цели на индутриските приобални градови како Хамбург, Бремен и Кил. Постепено војната помеѓу Германија и Британија преоѓа на море со учество на морнарицата и воздухопловството и од двете страни.