Кригсмарине (во превод „Воена морнарица“) била морнарицата на Нацистичка Германија од 1935 до 1945 година. Ја заменила на Царската германска морнарица од Германското Царство (1871–1918) и морнарицата по Првата светска војна Рајхсмарин (1919–1935) од Вајмарската Република. Кригсмарине била во склоп на Вермахтот, германските вооружени сили од 1935 до 1945 година, заедно со Хер и Луфтвафе.

Кригсмарине
Kriegsmarine
Создадена1935; пред 89 години (1935)
Земја Германија
РодВермахт
ВидВоена морнарица
Големина810,000 во 1944[1]
1,500,000 (вкупно во служба 1939–45)
Дел одВермахт
БиткиШпанска граѓанска војна (1936–1939)
Втора светска војна (1939–1945)
Распуштена1945; пред 79 години (1945)
Команданти
Истакнати
команданти
Ерих Редер
Карл Дениц
Обележја
Воено обележје (1935–1938)
Воено обележје (1938–1945)
Знаме за на копно
Летала
БомбардерЈункерс Ју 87 „штука“
ЛовецМесершмит Бф 109
ИзвидувачкоФизелер Фи 167
Список на германски авиони од Втората светска војна

По прекршувањето на Версајскиот договор, Кригсмарине многу брзо растела за време на повторното вооружување на германската морнарица во 1930-тите. Со договорот од 1919 година била ограничена големината на германската морнарица и на Германија ѝ било забрането да гради подморници.[2]

Бродовите на Кригсмарине биле распоредени во водите околу Шпанија за време на Шпанската граѓанска војна (1936–1939) под превезот на неинтервенција, но всушност ги поддржувале националистите против шпанските републиканци.

Во јануари 1939 година, бил донесен Планот З, програма за изградба на бродови, за да се парира на површинските поморски сили на британската Кралска морнарица. По почетокот на Втората светска војна во септември 1939 година, Планот З бил откажан и била донесена програма за градење на подморници наместо пловни бродови, а копнените и воздушните сили добиле приоритет во користењето на стратешките ресурси.

Врховен командант на Кригсмарине бил Адолф Хитлер, кој бил на чело на Врховната команда на морнарицата (Oberkommando der Marine).

Најзначајни бродови на Kriegsmarine биле подморниците, од кои најголемиот дел биле изградени по напуштањето на План З на почетокот од Втората светска војна. Биле составувани волчји глутници, групи од подморници кои ги напаѓале британските конвои за време на првата половина од Битката за Атлантикот, но оваа тактика била речиси напуштена до мај 1943 година кога имало огромни загуби на подморници. Освен подморници, во првите години од Втората светска војна, биле користени и површински бродови (меѓу кои и крстосувачи) со цел да ги спречуваат сојузничките бродови. Најпознати меѓу нив се тешките крстосувачи Адмирал Граф Спи и Адмирал Шеер и воениот брод Бизмарк. Но, откако сојузничките сили почнале да користат придружба на конвоите, ефикасноста на германските бродови во напаѓањето на трговски конвои била значително намалена.

По завршувањето на Втората светска војна во 1945 година, преостанатите бродови од Кригсмарине биле поделени меѓу сојузничките сили и биле употребувани за различни цели, а некои од нив и како моноловци. Некои пак, биле натоварени со хемиско оружје и намерно потопени.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Wehrmacht > WW2 Weapons“. 28 June 2019.
  2. http://net.lib.byu.edu/~rdh7/wwi/versa/versa4.html Act 159+, Act 181
  3. Chemical Weapons Dumped in the Ocean After World War II Could Threaten Waters Worldwide smithsonianmag.com November 11, 2016


 Оваа статија поврзана со војска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.