Лулзим Алиу
Лулзим Алиу (роден во 1977 година во Кичево) ― македонски политичар и тековен заменик министер за образование и наука во Владата на Македонија. Тој е од албанска народност.
Лулзим Алиу | |
---|---|
Заменик министер за образование и наука на Македонија | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1977 (воз. 46–47 г.) година Кичево, СР Македонија, СФРЈ |
Професија | Филолог |
Животопис
уредиОсновното и средното образование го има завршено во родното место. Во 1999 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, тој ги завршил студиите по албански јазик и книжевност. Во 2006 година, тој го добил звањето магистер по филолошки науки од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
На истиот факултет во 2011 година, тој ја одбранил докторската дисертација на тема: „Граматичките категории на глаголот во романите на Исмаил Кадаре преведени од албански на македонски јазик“, со која го добил звањето доктор по филолошки науки.
Кариера
уредиАлиу десет години работел во основно училиште во Кичево.
Од 2000 година, тој е судски овластен преведувач од албански на македонски јазик и обратно.
Почнувајќи од 2009 година, тој работел/предавал на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и во текот на тој период бил ангажиран и на Државниот универзитет во Тетово каде држел предавања по предметот Албански јазик.
Во 2020 година, Алиу бил избран за редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, по предметите: Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца, Компаративна/креативна книжевност, Литературна работилница, за студентите од одделенска и предучилишна настава на албански наставен јазик.
Во 2020 година, тој бил избран за раководител на Институтот за предучилишно воспитание при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”.
Во периодот 2014-2018 година, Алиу бил раководител на втор циклус на студии при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, во текот на истиот период бил и член на Комисијата за формирање на списокот на училишните лектири за основното образование - Биро за развој на образованието на РМ.
Трудови
уреди- „Metodika e mësimdhënies së gjuhës shqipe në ciklin e ulët të arsimit fillor“ („Методика на наставата по албански јазик во основното образование“) наставен текст кој е користен за потребите на студентите од Педагошкиот факултет во Скопје, 2019, ISBN 978-608-66370-0-2;
- „Stratifikimi shoqëror dhe arsimi“, („Општествена стратификација и образованието“), Focusprint, Скопје, 2020, ISBN 978-608-66370-1-9
- „E folmja e rrethittë Kërçovës“, Чабеј, Тетово, 2011, ISBN 978-9989-150-71-5.
- „Kategori të gramatikore të foljes në romanet e Ismail Kadaresë të përkthyera nga shqipja në maqedonishte“, тема на докторската дисертација, одбранета на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, 2011.