Лук Кенард (роден на 24 јуни 1996 година) е американски кошаркар, бек шутер на Детроит Пистонс во НБА.

Лук Кенард

Лични информации
Роден на 24 јуни 1996 (1996-06-24) (23 г.)
Роден во Мидлтон, Охајо
Националност САД САД
Висина 1,96 м
Тежина 91 кг
Позиција Бек шутер
Информации за кариерата
Колеџ Дјук (2015–2017)
Драфт 2017 / Рунда: 1 / Пик: 12
Избран од:
Детроит Детроит Пистонс
Проф. кариера 2017–
Мометален клуб
Клуб Детроит Детроит Пистонс
Број 5
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2017– Детроит Детроит Пистонс

Колеџ кариераУреди

Кенард се запишал на Универзитетот Дјук за да игра колеџ кошарка.[1][2] Како фрешман во Дјук, Кенард имал во просек 11,8 поени, 3,6 скока и 1,5 асистенции по натпревар.[3][4] За време на неговата софоморска година, Лук во просек имал 19,5 поени, 5,1 скока и 2,5 асистенции по натпревар. Тој имал најдобар процент во својот тим во шут за три поени 43.8% и во изведување на слободни фрлања 85.6%. Како софмор, тој исто така бил избран во првиот тим на All-ACC.[5] По завршувањето на својата софоморска сезона, Кенард објавил дека ќе се откаже од правото во последните две колеџ години да игра кошарка и ќе влезе на НБА драфтот 2017.[6]

Колеџ статистикаУреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2015–16 Дјук 36 11 26.7 .421 .320 .889 3.6 1.5 .9 .2 11.8
2016–17 Дјук 37 36 35.5 .489 .438 .856 5.1 2.5 .8 .4 19.5

Професионална кариераУреди

Детроит Пистонс (2017–денес)Уреди

На 22 јуни, 2017, Кенард бил избран како 12-ти пик во првата рунда од Детроит Пистонс на НБА драфтот 2017.[7] Тој учествувал на НБА Летната лига во Орландо каде имал просек од 17,2 поени, 4,2 скока и 2,4 асистенции. Своето деби за Детроит Пистонс во НБА го имал на 20 октомври 2017, постигнувајќи 11 поени и 2 асистенции од клупата за резерви во поразот со 115-111 на гостувањето кај Вашингтон Визардс.[8] На 15 декември 2017, поради повредата на Ејвери Бредли Кенард за прв пат бил стартер во еден НБА натпревар во победата со 104-98 на гостувањето кај Индијана Пејсерс забележувајќи 9 поени 5 скокови и 4 асистенции. На 30 декември 2017, Кенард постигнал највисоки во својата НБА кариера 20 поени во победата со 93-79 на домашен терен над Сан Антонио Спарс.[9] На 9 април тој го изедначил своето најдобро постигнување уфрлувајќи 20 поени во поразот од Торонто Репторс во последниот домашен натпревар на Пистонс за сезоната.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди