Независна реченица
Независна реченица, главна реченица или ретко независна дел-реченица, е реченица или дел-реченица која може да функционира самостојно во еден текст. Ваквиот вид реченици често се нарекува и како проста реченица. Главните реченични елементи на една независна реченица се подметот и прирокот. Повеќе независни реченици можат да бидат споени со употреба на запирка, точка-запирка или сврзиници и така се добива сложена реченица. Спротивно на независната реченица е зависната реченица која не може да стои самостојно во еден текст.
Примери
уреди- Јас возам автомобил. [проста реченица]
- Јас сум лекар, а мојата сопруга е адвокат. [сложена реченица составена од две независни реченици сврзани со сврзникот „а“.]
- Јас сакам да бидам лекар, но треба прво да завршам медицински факултет. [две независни реченици сврзани со сврзникот „но“.]
- Јас го купив автомобилот кој го посакуваше Томе. [сложена реченица составена од независна и зависна реченица/ дел-реченица.]
Наводи
уреди- Rozakis, Laurie (2003). The Complete Idiot's Guide to Grammar and Style pp. 152. Alpha. ISBN 1-59257-115-8.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Независна реченица Архивирано на 23 септември 2012 г.
- Независна и зависна реченица[мртва врска]
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |