Луксембуршки јазик
Луксембуршкиот јазик (Lëtzebuergesch; француски: Luxembourgeois, германски: Luxemburgisch, холандски: Luxemburgs, валонски: Lussimbordjwès) е горногермански јазик што се говори претежно во Луксембург, но и во други земји. Јазикот има вкупно 400.000 говорници.[1]
Луксембуршки | |
---|---|
Lëtzebuergesch | |
Изговор | [ˈlətsəbuəjəʃ] ⓘ |
Застапен во | Луксембург, Белгија, Франција, Германија |
Подрачје | Средна Европа |
Говорници | 320.000 (1998) |
Јазично семејство | |
Писмо | луксембуршка азбука |
Статус | |
Службен во | Луксембург |
Признаен како малцински во | Белгија (признаен во (Француската заедница) |
Регулативен орган | Постојан совет за луксембуршки јазик (CPLL) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | lb |
ISO 639-2 | ltz |
ISO 639-3 | ltz |
Говорното подрачје на луксембуршкиот (исенчено) и сродниот мозелфранконски јазик. |
Употреба
уредиКако што гласи неговото име, луксембуршкиот е државен јазик на Луксембург и еден од трите службени јазици во земјата (заедно со францускиот и германскиот).[2]
Јазикот се говори и во областа Арелерланд во Белгија (дел од покраината Луксембург) и во мали делови од Лорена во Франција.
Во регионите Ајфел и Хунсрик во Германија и Лорена во Франција е застапено сличното мозелфранконското наречје на германскиот јазик.
Наречја
уредиПостојат неколку наречја на луксембуршкиот јазик: арелски (од Арлон), ехтернашки (Ехтернах), клиерверски (Клерво), мизелски (Мозел), штатски (Луксембург), вајнски (Вијанден), минетски (Јужен Луксембург) и велчки (Вилц).
Со зголемената подвижност на населението и масовните медиуми, наречјата тежнеат кон претопување во еден стандарден јазик по пат на коинизација.
Околни јазици
уредиНе постои јасна граница помеѓу луксембуршкиот и сродните горногермански наречја во околината (како на пр. лоренофранконскиот) бидејќи сите тие образуваат дијалектен континуум и разликите се постепени. Меѓутоа, треба да се напомене дека јазикот е неразбирлив за говорниците на германскиот, францускиот и другите романски јазици. Иако има германска основа, луксембуршкиот во голема мера се разликува од самиот германски по големиот број на француски заемки.
Азбука
уредиЛуксембуршката азбука е има 26 обични латинични букви и уште три посебни: é, ä и ë. Во заемките од француски и горногермански се запазуваат матичните букви од тие јазици:
- француски: Boîte, Enquête, Piqûre итн.
- германски: blöd, Bühn (но герм. Bühne), итн.
Ајфелско правило
уредиКако и многу други западногорногермански наречја, луксембуршкиот го изоставува завршното n и nn во извесни случаи. Ова важи како за говорот, така и во пишувањето. На пример:
- wann ech ginn „кога ќе одам“, но wa mer ginn „кога ќе одиме“
- fënnefandrësseg „триесет и пет“, но fënnefavéierzeg „четириесет и пет“.
Фонологија
уредиСамогласки
уреди
|
|
|
Граматика
уредиЛуксембуршкиот има три рода (машки, женски и среден) и три падежи (номинатив, акузатив и датив). Како и во германскиот, не постои разлика во родовите кога се во множина.
Постојат два вида на придавки: својствени (атрибутивни) и прирокови (предикативни). Вториот вид се јавува во глаголи како sinn („е“) и не добиваат наставка.
Збороредот е ист како во германскиот и холандскиот јазик второприрочен (V2), т.е. каде прирокот е втор во независна исказна реченица, веднаш по тематскот дел.
Лексикон
уредиЛуксембуршкиот има многу заемки од францускиот. Други зборови се разликуваат од горногерманските, но имаат свои пандани во дијалектите. Трети пак, се чисто луксембуршки зборови.
Поврзано
уреди- Луксембуршка култура
- Демографија на Луксембург
- Најчести луксембуршки зборови Архивирано на 22 април 2007 г. - Сводешов список
Наводи
уреди- ↑ „Le nombre de locuteurs du luxembourgeois revu à la hausse“ (PDF). Посетено на 8 ноември 2012.
- ↑ Mémorial A no. 16 (27 февруари 1984), стр. 196–7: "Loi du 24 février 1984 sur le régime des langues". Архивирано на 3 февруари 2006 г.
- Bruch, Robert. (1955) Précis de grammaire luxembourgeoise. Bulletin Linguistique et Ethnologique de l'Institut Grand-Ducal, Luxembourg, Linden. (2nd edition of 1968)
- Schanen, François and Lulling, Jérôme. (2003) Introduction à l'orthographe luxembourgeoise Архивирано на 6 јуни 2007 г.. (text available in French and Luxembourgish)
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на луксембуршки јазик |
„Луксембуршки јазик“ на Ризницата ? |
- Постојан совет за луксембуршки јазик Архивирано на 30 октомври 2020 г.
- Luxdico - речник (24.000 зборови)
- Luxogramm Архивирано на 1 декември 2021 г. - информативен систем за луксембуршката граматика - Луксембуршки универзитет
- Луксембуршка радиотелевизија (Radio-Télé Lëtzebuerg, RTL)