Луковит (бугарски: Луковит) — град во Северна Бугарија, административен центар на Општина Луковит во Ловечката Oбласт. Има население од околу 9.321 жители (2022).[1]

Луковит
Луковит
град
Поглед од плоштадот во Луковит
Поглед од плоштадот во Луковит
Луковит is located in Бугарија
Луковит
Луковит
Местоположба на Луковит во Бугарија
Координати: 43°12′37″N 24°09′47″E / 43.210186° СГШ; 24.16294° ИГД / 43.210186; 24.16294
ЗемјаБугарија
ОбластЛовеч
ОпштинаЛуковит
Управа
 • ГрадоначалникИван Грнчаров (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна89,115 км2 (34,407 ми2)
Надм. вис.&10000000000000171000000171 м
Население (2022)
 • Вкупно9,321
 • Густина100/км2 (270/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код5770
Повик. бр.+359 06975
Мреж. местоlukovit.bg

Географија и местоположба

уреди

Градот се наоѓа на двата брега на реката Златна Панега во преодна област помеѓу Дунавската Рамнина и Предбалканот. Одстои на околу 60 километри западно од регионалниот центар Ловеч.

Историја

уреди

Градот првпат бил споменат во османлиските регистри од 1430 година. Во 1495 година имал 47 домаќинства. Помеѓу 1683 и 1687 година, Луковит бил дел од османлискиот процес на насилна исламизација, но никогаш не бил целосно преобратен дури во 1860 година кога имал 250 муслимански бугарски и 260 источноправославни домаќинства. По ослободувањето на Бугарија, сите муслимани го напуштиле градот.

Луковитско богатство

уреди

Во 1953 година во близина на градот биле пронајдени закопани артефакти од тракиската култура од 4 век п.н.е.. Луковитското богатство се состои од две групи на предмети: чинии, апликации за коњски узди и садови, 9 фиали, 3 кани и тас. [2] Предметите се изработени од сребро, некои од нив се позлатени со цел да се зацврстат уметничките слики и да се стави акцент на орнаментите.

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Thracian Treasures from Bulgaria: Checklist of The Special Exhibition, June 11 - September 4, 1977, coordinated by Dietrich von Bothmer, items 326-348 1977.

Надворешни врски

уреди