Лудвиг Берне
Лудвиг Берне (роден 6 мај 1786 - починат 12 февруари 1837) - германско-еврејски пишувач за теми од областа на политиката и сатиричар. Припаѓа на движењето наречено „Junges Deutschland" („ Млада Германија"), кое претставува група на германски писатели која постоела од 1830 до 1850 година. Лудвиг бил поет и политички филозоф. Починал во Париз на педесет годишна возраст.
Почеток на животот
уредиЛудвиг Берне е роден на 6 мај 1786 година во Франкфурт на Мајна во еврејско семејство. Син е на банкарот Јакоб Барух. Неговиот дедо бил владин бирократ.
Образование
уредиЛудвиг Берне и неговиот брат имале приватни часови од Јакоб Сахс, а подоцна и од Ректор Моше. На 14 години заминал да учи медицина кај учителот Хецел во Гисен. По една година Лудвиг бил испратен во Берлин да продолжи со изучувањето на медицината. Таму негов учител бил физичарот Маркус Херц, кај кого и престојувал. Понатаму учел школо во универзитетот во Хале. Своето образование го завршил на универзитетите во Хајделберг и Гисен, каде што студирал право и политички науки.
Познати дела
уреди- (1822) Der Esskunstler
- (1826) Denkrede auf Jean Paul
- (1829) Mono graphie der deutschen Postschnecke
- (1829–1834) Dramaturgische Bltter
- (1837) Menzel der Franzosenfresser