Џакомо Казанова
Џакомо Џироламо Казанова (италијански: Giacomo Girolamo Casanova, 2 април 1725 - 4 јуни 1798) - италијански авантурист, војник, шпион, дипломат и писател. Запаметен е како принц на италијанските авантуристи и како човек што името Казанова го направил синоним за слобода[1][2] Неговата автобиографија, „Приказната за мојот живот“ (Histoire de ma vie), се смета за еден од најавтентичните извори за обичаите и нормите на општествениот живот во Европа во XVIII век.[3]
Животопис
уредиСин на глумец, Казанова млад бил протеран од богословијата Свети Кипријан за скандалозно однесување и започнал распуштена кариера. По некое време служење на Римокатолички кардинал, бил виолинист во Венеција, се придружил на масонското движење во 1750 во Лион, потоа отпатувал во Париз, Дрезден, Прага и Виена. Се вратил во Венеција во 1755, Казанова бил осуден како магионичар на пет години затвор во Пиомба. На 31 октомври 1756 успеал да избега од затворот и пребегнал во Париз, каде што ја претставил лотаријата и направил финансиска репутација и престиж меѓу аристократијата. Каде и да одел тој се потпирал на својот шарм да добие влијание и на коцкање за да се издржува самиот.
Казанова како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Сеќавањата на Казнова“ (Le memorie di Casanova) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[4]
Наводи
уреди- ↑ http://www.britannica.com/biography/Giacomo-Casanova
- ↑ http://www.treccani.it/enciclopedia/giacomo-casanova_(Dizionario_Biografico)/
- ↑ Zweig, Paul (1974). The Adventurer. New York: Basic Books. стр. 137. ISBN 978-0-465-00088-3.
- ↑ Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 102-112.