Градиште

Карта

Местоположба 41°49′06″N 22°12′21″E / 41.81833° СГШ; 22.20583° ИГД / 41.81833; 22.20583
Основни податоци
Место Горни Балван
Општина Карбинци
Тип

 утврдување


Период римско време
Портал „Археологија“

Градиште или Лозаархеолошко наоѓалиште во штипското село Горни Балван. На оддалеченост од околу 1,5 километри јужно од селото, од левата страна на патот Штип-Кочани се издига висок рид што преовладува со теренот и над коритото на реката Брегалница. На највисокиот дел има расфрлени камења, парчиња од тегули и друг градежен материјал, кои претставуваат остатоци од помало утврдување. На падината на западната страна, во лозјето на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ биле вадени камења и тули. Овде, пред Втората светска војна, Ладе Ефремов откопал питос, кој и денес го чува во својот двор.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069