Црква „Св. Петка“ - Лисолај
црква во Лисолај, Битолско
Св. Петка — црква во битолското село Лисолај, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Претставува енориски храм на Лисолајската парохија.
Света Петка
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Лисолајска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°8′49.9″N 21°18′21.1″E / 41.147194° СГШ; 21.305861° ИГД |
Место | Лисолај |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Завршено | 1865 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | базилика |
Стил | преродбенички |
Црквата е главен и гробишен храм, сместен на еден километар источно од селото. Изградена е во 1865 година врз темели на стара црква.[1] Претставува голема камена базилика со полуклружна апсида на исток. На запад подоцна е дограден затворен трем. На југозапад има голема куловидна камбанарија, исто така изградена подоцна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Лисолај“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.