Лизи Армитстед

британска велосипедистка

Елизабет Мери „Лизи“ Армитстед (англиски: Elizabeth Mary "Lizzie" Armitstead; р. 18 декември 1988) — англиска професионална велодромска и друмска велосипедистка. Во текот на 2015 година била актуелен светски, комонвелтски и национален првак. Армитстед била и двократен првак на Светскиот друмски куп, освојувајќи го во 2014 и завршното издание во 2015 година. На Летните олимписки игри 2012, Армитстед го освоила сребрениот медал на друмската трка.

Лизи Армитстед
Армитстед во виножито маичката по освојувањето на Омлоп Хет Ниувсблад 2016
Лични податоци
Цело имеЕлизабет Мери Армитстед
Роден18 декември 1988(1988-12-18)(35 г.)
Отли, Англија, Обединето Кралство
Висина1,68 м[1]
Маса57 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубБулс-Долманс
Дисциплинадрумски и велодромски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2006
2007
2008-2009
Рали ЕРВ
Глобал Рејсинг Тим
100% МЕ
Професионални клубови
2008
2009
2010-2011
2012
2013–
Тим Халфордс Бајкхат
Лото-Белисол Лејдис
Гармин-Сервело
AA Drink-leontien.nl
Булс-Долманс
Значајни победи
Светски друмски куп
Краен пласман (2014, 2015)
Ронде ван Дренте (2014)
Трофео Алфредо Бинда (2015)
Велосипедски класик Филаделфија (2015)
ГП Плуе (2015)

Светска турнеја на UCI

Страде Бјанке (2016)
Етапни трки
Трка околу Катар (2015)
Еднодневни трки
Светски друмски првак (2015)
Гент-Вевелгем (2012)
Национален друмски првак (2011, 2013, 2015)
Омлоп ван хет Хагеланд (2012, 2014)
Булс Рентал Хилс Класик (2015)
Омлоп Хет Ниувсблад (2016)
Последна промена
8 март 2016

Пред нејзината друмска кариера, Армитстед освоила вкупно пет медали ан Светското велодромско првенство во 2009 и 2010 година, вклучувајќи златен медал во екипна потера во 2009 година со Џоана Роусел и Венди Хувенагел.

Ран живот

уреди

Армитстед е родена во Отли, Западен Јоркшир, каде го посетувала училиштето „Принц Хенри“. Започнала со велосипедизам во 2004 година откако британската федерација го посетила нејзината училиште.[2][3] Влегла во олимписката програма на британската велосипедска федерација. Армитстед е вегетаријанка од нејзини десет години.[4]

Велодромска кариера

уреди
 
Армитстед во Манчестер, дел од серијата Револушн 2007

Армитстед го освоила сребрениот медал во скреч на Светското јуниорско велодромско првенство во 2005 година; била европски првак во скреч во 2007 и 2008 година и завршила втора на бодовната трка во 2007 година.

Армитстед била член на победничката екипа за екипна потера на Светското велодромско првенство 2009, нејзино второ појавување на светските првенства. Исто така, настапила во скреч, каде го освоила сребрениот медал. Го завршила првенството со целосен сет на медали, освојувајќи бронза во бодовната трка.

Друмска кариера

уреди

2009–2011

уреди

Во 2009 година, Армитстед се приклучила на екипата Лото-Белисол и возела на бројни друмски трки. Ја освоила категоријата под 23 години на националното друмско првенство и сребрениот медал во сениорската категорија во одредена контроверза.[5][6] Во 2010 година возела за Гармин-Сервело.[7] Армитстед одлучила да остане во екипата и со новото име Гармин-Сервело во 2011 година.[8]

По распаѓањето на женската екипа Гармин Сервело, Армитстед возела за екипата АА Дринк-Леонтин.нл во 2012 година.[9] Армитстед ја направила целата сезона за летната Олимпијада, каде го освоила сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри, Зад Маријане Вос, со што станала првата Британка која освоила медал на Олимпијадата во 2012 година.[10]

Морајќи да ги менува екипите во изминатите две сезони поради нивното распаѓање, Армитстед потпишала за Булс Долманс Сајклинг Тим за 2013.[11][12] Нејзината сезона 2013 била попречена од стомачен вирус, кој на крајот бил дијагностициран како симптом за кила.[13] Дури и овие состојби, Армитстед била победоносна на националните друмски првенства - освојувајќи ги белата, црвената и сината маичка.[14]

 
Армитстед на Трката околу Тирингија 2014, каде ги освоила бодовниот и планинскиот пласман.

Во април 2014 година било објавено дека Армитстед го обновила договорот со Булс Долманс до крајот на 2016 година.[15] Армитстед ја имала својата најдобра година, започнувајќи со победа на Омлоп ван хет Хагеланд. Една недела подоцна ја освоила првата трка од сезоната во Светскиот куп, Ронде ван Дренте, откако нејзината колешка Елен ван Дејк ѝ дала голема поддршка во последните километри од трката.[16] На третата трка од Светскиот куп, Трката околу Фландрија, завршила втора зад Елен ван Дејк. Армитстед зела учество во воведната женска трка Тур де Франс во Париз на 27 јули 2014 година, но паднала на еден километар пред целта.[17] Една недела подоцна ја освоила друмската трка на Комонвелтските игри 2014.[18] Армитстед, ја претекнала Ема Пули на седум километри пред целта за нејзиниот прв златен медал на игрите.[19] Армитстед го освоил Светскиот друмски куп UCI со трка на 24 август 2014 година.[20] Со осмото место на Опен де Суеде Варгарда ја обезбедила крајната победа.[21]

За сезоната 2015, Армитстед изјавила дека сака да цели на Светското друмско првенство. Армитстед по првпат победила на женската етапна Трка околу Катар, како и две етапи. Армитстед, потоа, освоила две еднодневни трки од Светскиот друмски куп, Трофео Алфредо Бинда и Велосипедскиот класик Филаделфија, заедно со Булс Рентал Хилс Класик.

Во јуни, Армитстед била приморана да се повлече од трката Авива откако се судрила со група фотографи неколку секунди по победата на првата етапа на трката.[22] Меѓутоа, десет дена подоцна успешно се опоравила за победа на националната друмска трка по третпат[23] што ја однело на врвот на Светскиот пласман UCI.[24] Во август, спринтала за победа на последната трка од сезоната на Светскиот куп, ГП Плуе, за да го задржи првото место од главната соперничка, Ана ван дер Бреген.[25]

Како надополнување на најдобрата сезона, на 26 септември Армитстед го освоила златниот медал на Светското друмско првенство во Ричмонд, САД, победувајќи ја Ван дер Бреген во спринт на мала група од девет возачи на целта, станувајќи четврта Британка која ја освоила друмската трка на Светското првенство по Берил Бартон, Менди Џонс и Никол Кук.[26]

Достигнувања

уреди

друмски

уреди
2006
1.   Државно првенство - кружна трка
1. WCRA Критериум
2007
1.   Државно првенство - кружна трка
2009
1.   Државно првенство - друмска трка под 23 години
2. Државно првенство - друмска трка
1. Пласман за млад возач Џиро д’Италија Феминиле
3. Краен пласман Тур де л’Ардеш
1. Бодовен пласман
1. Етапа 6
2010
1. Етапа 1 Тур де л’Од
1.   Државно првенство - друмска трка под 23 години
1. Етапа 6 Ла Рут де Франс
1. Бодовен пласман Тур де л’Ардеш
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
2. Државно првенство - друмска трка
2.   Комонвелтски игри - друмска трка
9. Светско друмско првенство - друмска трка
2011
1.   Државно првенство - друмска трка
1. Бодовен пласман Трка околу Тирингија
1. Етапа 6
2. Трка околу Остров Чонгминг
1. Етапа 1
7. Светско друмско првенство - друмска трка
2012
1. Омлоп ван Хет Хагеланд
1. Гент-Вевелгем
2. Државно првенство - друмска трка
2.   Олимписка друмска трка
2013
1.   Државно првенство - друмска трка
2. Ридерронде Мастрихт
3. Краен пласман Трка околу Холандија
1.   Спринтерски пласман
1.   Комбиниран пласман
  Награда за борбеност на етапа 2 Енергивахт Тур
2014
1.   Комонвелтски игри - друмска трка
1.   Краен пласман Светски друмски куп UCI
1. Омлоп ван хет Хагеланд
1. Ронде ван Дренте
1. Отли ГП
2. Краен пласман Трка околу Тирингија
1.   Бодовен пласман
1.   Планински пласман
1. Етапа 1
2. Трофео Алфредо Бинда
2. Трка околу Фландрија
2. Флеш Валон
2. Емакумен Сарија
3. Дрентсе 8
3. Омлоп Хет Ниувсблад
3, Државно првенство - друмска трка
3. РајдЛондон ГП
2015
1.   Светско друмско првенство - друмска трка
1.   Краен пласман Светски друмски куп UCI
1.   Државно првенство - друмска трка
1.   Краен пласман Трка околу Катар
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Трофео Алфредо Бинда
1. Булс Рентал Хилс Класик
1. Велосипедски класик Филаделфија
1. ГП Плуе
1. Етапа 1 Женска трка
2. Страде Бјанке
3. Омлоп Хет Ниувсблад
2016
1. Омлоп Хет Ниувсблад
1. Страде Бјанке

Велодромски

уреди
2005
1.   Национално јуниорско првенство - бодовна трка
2. Светско јуниорско првенство - скреч
2. Национално јуниорско првенство - 500 м хронометар
3. Национално јуниорско првенство - скреч
2006
2. Државно првенство - скреч
2. Национално јуниорско првенство - бодовна трка
2. Национално јуниорско првенство - поединечна потера
3. Национално јуниорско првенство - скреч
3. Национално јуниорско првенство - 500 м хронометар
2007
1.   Европско првенство под 23 години - скреч
2. Европско првенство под 23 години - бодовна трка
2008
Светски куп Манчестер 2008-2009
1. Бодовна трка
1. Скреч
1. Екипна потера
Светски куп Мелбурн 2008-2009
1. Скреч
1. Екипна потера
1.   Европско првенство под 23 години - скреч
1.   Европско првенство под 23 години - екипна потера
2. Европско првенство под 23 години - бодовна трка
2009
Светски куп Копенхаген 2008-2009
1. Скреч
1. Екипна потера
1.   Светско првенство - екипна потера
Светски куп Копенхаген 2009-2010
1. Екипна потера
1. Бодовна трка
2. Светско првенство - скреч
3. Светско првенство - бодовна трка
2010
2. Светско првенство - екипна потера
2. Светско првенство - омниум
2011
1.   Национално велодромско првенство - бодовна трка
1.   Национално велодромско првенство - скреч
2015
1. Бодовна трка, Револушн - Манчестер (трето коло)
1. Бодовна трка, Револушн - Глазгов (четврто коло)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Спортисти: Елизабет Армитстед“. london2012.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-29. Посетено на 29 јули 2012.
  2. Фикинс, Стив (19 јануари 2012). „London Olympic hopefuls: Lizzie Armitstead“. The Guardian.
  3. „Lizzie Armistead only took up cycling to get out of maths, claims PE teacher“. Telegraph.co.uk. Посетено на 9 август 2012.
  4. Фотерингем, Вилијам (29 јули 2012). „London 2012: Lizzie Armitstead flowers in the rain with quick silver“. The Guardian. Посетено на 30 јули 2012.
  5. Ричардсон, Сајмон; Клеверли, Ијан. „Cooke wins unprecedented tenth title“. Cyclingweekly.co.uk. Посетено на 9 август 2012.
  6. Ричардсон, Сајмон. „Cookson overrules to reinstate Armitstead“. Cyclingweekly.co.uk. Посетено на 9 август 2012.
  7. „Armistead signs with Cervélo“. Cyclingnews.com. 29 септември 2009. Посетено на 9 август 2012.
  8. Армитстед, Лизи (15 септември 2010). „Team axe was a shock but we had fitting finale“. Thisislondon.co.uk. Посетено на 9 август 2012.
  9. Армитстед, Лизи (12 јануари 2012). „Kids taught me a lesson on my return to school“. Thisislondon.co.uk. Посетено на 9 август 2012.
  10. Слејтер, Мет (29 јули 2012). „Lizzie Armitstead wins Olympic Silver Medal“. Bbc.co.uk. Посетено на 9 август 2012.
  11. Аткинс, Бен (28 септември 2012). „Lizzie Armitstead leads host of new signings at Dolmans-Boels“. Velonation.com. Посетено на 28 септември 2012.
  12. Кројдон, Емили (23 јануари 2013). „Lizzie Armitstead questions if new teams will change women's cycling“. BBC Sport.
  13. Армитстед, Лизи (24 октомври 2013). „Lizzie Armitstead blog: I've finally got to the bottom of the stomach illness that has blighted my 2013 season“. skysports.com. Посетено на 7 април 2014.
  14. „Lizzie Armitstead solos to win National Road Race Championships in Glasgow“. Cycling Weekly. 23 јуни 2013.
  15. „Lizzie Armitstead Renews with Boels Dolmans“. Cycling News. 5 април 2014. Посетено на 6 април 2014.
  16. „Help from van Dijk elevates Armitstead“. Yorkshire Post. 14 март 2014. Посетено на 19 март 2014.
  17. „Lizzie Armitstead crashes out of La Course by Le Tour as Marianne Vos sprints to victory in Paris“. The Telegraph. 27 јули 2014. Посетено на 25 август 2014.
  18. „Commonwealth Games: Lizzie Armitstead and Emma Pooley win road race gold and silver“. Sky Sports. 3 август 2014. Посетено на 25 август 2014.
  19. „Glasgow 2014: Lizzie Armitstead & Emma Pooley win gold and silver“. BBC Sport. 24 август 2014. Посетено на 25 август 2014.
  20. „Lizzie Armitstead wins Women's World Cup“. Cycling Weekly. 24 август 2014. Посетено на 25 август 2014.
  21. „Britain's Lizzie Armitstead wins 2014 UCI Women's Road World Cup“. The Guardian. 3 август 2014. Посетено на 25 август 2014.
  22. „Armitstead out of Women's Tour after crashing into photographers“. BBC Sport. 17 јуни 2015. Посетено на 18 јуни 2015.
  23. „Peter Kennaugh, Lizzie Armitstead win British road race titles“. BBC Sport. 28 јуни 2015. Посетено на 30 јуни 2015.
  24. „Lizzie Armitstead: best in the world“. Архивирано од изворникот на 2015-07-05. Посетено на 30 јуни 2015.
  25. „Lizzie Armitstead retains Road World Cup with win in France“. BBC Sport. 29 август 2015.
  26. Фотерингем, Вилијам (26 септември 2015). „Lizzie Armitstead claims gold to become world road champion“. theguardian.com. Посетено на 27 септември 2015.

Надворешни врски

уреди