Лешка Лига
Лешка Лига (2 март 1444 - 25 април 1479) — конфедерација на албанските кнежевства од северна Албанија која била создадена на Генералното собрание на албанските аристократи во градот Леска (Алесио, Леж) на 2 март 1444 година.
League of Lezhë Lidhja e Lezhës
| |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1444–1450 | |||||||||||||||
Статус | Конфедерација | ||||||||||||||
Главен град | Леска | ||||||||||||||
Говорени јазици | албански | ||||||||||||||
Вероисповед | Римокатоличка црква, Православна црква | ||||||||||||||
Уредување | Конфедерација | ||||||||||||||
Монарх | |||||||||||||||
• 1444–1450 | Скендербег | ||||||||||||||
Legislature | Assembly of Noblemen | ||||||||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||||||||
• Основана | 2 март 1444 | ||||||||||||||
• Престанала да постои | 25 април 1450 | ||||||||||||||
| |||||||||||||||
Денес дел од | Албанија Косово Македонија Србија Црна Гора |
Лигата била предводена од Ѓорѓија Кастриот, а по неговата смрт од Лека Дукаѓин. Ѓорѓија ја организирал средбата на албанските благородници од семејството Аријанити, Дукаѓини, Спата, Топи, Музаки и водачите на слободните албански кнежевства од високите северноалбански планини во градот Леска. На средбата било договорено да се организира заеднички отпор против османлиските освојувачи, а за водач на лигата бил избран Скендербег. Лигата била организирана како конфедерација бидејќи секое кнежевство го зачувал својот суверенитет.
Бројот на албанските војници достигнал преку 10.000 луѓе. Главна помош лигата ја добивала од Венеција, Унгарија и папата во Рим. На 14 мај 1449 година започнала Опсадата на Светиград која завршила со османлиска победа. Најголема победа на Скендербег се случила во Опсадата на Кроја во 1450 година. Во следниот период Скендербег ги зазел градовите Дебар и Охрид. Скендербег починал во 1468 година а на негово место бил поставен Лека Дукаѓин. Лешката лига се одржала до 1479 година кога била принудена да отстапи пред Османлиите.