Грб на Албанија
Грбот на Албанија е официјалниот грб во државата кој е дизајниран според знамето на Албанија. Грбот е составен од црвен штит со златни граници каде се наоѓа црн двоглав орел, елемент од знамето на Албанија, и над орелот се наоѓа шлемот на Ѓорѓија Скендербег.
Грб на Албанија | |
---|---|
Подробно | |
Грбоносец | Албанија |
Штит | Црвено, црн двоглав орел во приказ крунисан со шлемот на Скендербег |
Двоглавиот орел
уредиВо Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози.[1][2] Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за првпат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.
Историски амблеми
уреди-
Грб на Албанија (1928 - 1939)
-
Грб на Албанија под италијанска окупација (1939 - 1943)
-
Амблем на НР Албанија (1946 - 1991)
Наводи
уреди- ↑ Elsie 2001, "Eagles", p. 78 .
- ↑ Grumeza 2010, стр. 99 ; Mucha, Crampton & Louda 1985, стр. 36 .
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Грб на Албанија Архивирано на 29 јуни 2007 г.
Оваа статија поврзана со Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |