Лаура Липман
Лаура Липман (родена на 31 јануари 1959) е американска писателка на детективски романи.
Лаура Липман | |
---|---|
Липман на Фестивалот за книги на Лос Анџелес Тајмс во 2008 | |
Роден/а | 31 јануари 1959 Атланта, Џорџија |
Занимање | Писателка |
Предмет | Детективски роман |
Значајни награди | Агата, Ентони, Едгар, Неро, Бери, Макавити, Странд и Шамус |
Сопруг/а | Дејвид Сајмон |
мрежно место | |
http://www.lauralippman.com/ |
Животопис
уредиЛаура Липман живее во Балтимор каде во текот на 12 години работела како новинарка во весникот „Балтимор сан“, а исто така пишувала текстови и за „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.
Творештво
уредиЛипман е најпозната како автор на серијата книги за приватната детективка Тес Монаган, чие дејство се одвиваат во Балтимор. Исто така, таа има објавено и два романа во кои не се појавува Монаган: „Секое тајно нешто“ (Every secret thing) и „На трет степен“ (To the power of three). За своите дела, таа ги освоила речиси сите поважни американски награди, кои се доделуваат за најдобри криминалистички раскази. Нејзиниот расказ „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 22.