Диета со чист кокаин (расказ)

Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд) е расказ од Лаура Липман, објавен во збирката „Кокаински хроники“, во 2010 година, во издание на „Темплум“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.

Содржина

уреди

Кели и Моли се најдобри другарки, кои штотуку раскинале со своите момчиња и сакаат да ослабат за да ги направат љубоморни. Тогаш, Моли предлага да се обидат со диета со кокаин и одат во еден кварт за да ја набават дрогата. Незадоволни од квалитетот на купената дрога, тие се враќаат назад, каде продавачот на дрога им кажува дека купиле хероин, наместо кокаин. Затоа, тие одат во станот на Антон за да ја сменат дрогата. Антон живее со својата слепа баба, која по цел ден седи пред телевизорот. Моли и Антон одат во другата соба, каде што водат љубов. Наеднаш, Моли ја повикува Кели и таа гледа дека Моли го убила Антон. Двете ја земаат дрогата од станот, бегаат од местото на убиството и доаѓаат до еден каменолом, каде Кели ја турка Моли во провалијата. Додека полицијата безуспешно трага по убиецот на Антон и на Моли, Кели дознава дека Моли имала врска со нејзиното поранешно момче. Истовремено, Кели успева да ослаби, си наоѓа ново момче, а со парите од продадената дрога си купува скапа гардероба.[1]

Наводи

уреди
  1. Лаура Липман, „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 22-43.