Кокаински хроники
Кокаински хроники е збирка раскази од осум американски писатели. Збирката е објавена во 2010 година во издание на „Темплум“, како 82 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.
Технички одлики
уредиЗбирката е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 191 страница. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-72-2. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Пако Помет (Paco Pomet), додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“.[1]
Содржина
уредиЗбирката „Кокаински хроники“ содржи осум раскази:[1]
- Ли Чајлд, Десет килограми
- Лаура Липман, Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)
- Џери Штал, Самрак на будалите
- Роберт Ворд, Хемија
- Дебора Ванкин, Вики, Флеш и заводникот на продавачките на чевли
- Емори Холмс II, Попознат како Мојсеј Рокфелер
- Бил Муди, Синиот Камаро
- Гери Филипс, Диско зомбиња