Ланд (департман)
Ланд (француски: Landes; окситански: Lanas) – департман во југозападна Франција.
Ланд Landes Lanas | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Зградата на префектурата во департманот Ланд, во Мон-де-Марсан | |||
Местоположба на Ланд во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Нова Аквитанија | ||
Префектура | Мон-де-Марсан | ||
Потпрефектури | Дакс | ||
Управа | |||
• Претседател на советот на департманот | Анри Емануели | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 9.243 км2 (3,569 ми2) | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 397.226 | ||
• Ранг | 60-ти | ||
• Густина | 43/км2 (110/ми2) | ||
Час. појас | ЦЕВ (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | ||
Број на департманот | 40 | ||
Арондисмани | 2 | ||
Кантони | 15 | ||
Општини | 330 | ||
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2. |
Историја
уредиЛанд е еден од првичните 83 департмани кои биле формирани за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Бил формиран од делови на покраините Гијена и Гаскоња.
За времена првата половина од XIX век големи делови од департманот биле покриени со слаба растителност (lande на француски) од каде потекнува неговото име. Растителноста покривала богата почва и периодично била горена, и на тој начин се добивале одлични пасишта за овците, за кои се смета дека околу 1850 година броеле помеѓу 900.000 и 1.000.000 во оваа област. Овците ги чувале овчари кои се движеле на штули и можеле да покриваат долги растојанија. Бројот на овци драстично се намалил во втората половина на XIX век, кога систематскиот развој на големи борови плантажи го трансформирал пејзажот и локалната економија.
Еден од најпознатите жители на Ланд бил францускиот економист од XIX век Фредерик Бастија.
Добитникот на Нобеловата награда, романописецот Франсоа Моријак своите новели ги сместува во Ланд.
Географија
уредиЛанд е дел од сегашниот регион Нова Аквитанија и е опкружен со департманите Жиронда, Лот и Гарона, Жер и Атлантски Пиринеи, како и со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од преку 9000 км2, Ланд, после Жиронда, е вториот најголем департман на територијата на метрополитенска Франција.
Познат е по плажата Сребрен Брег која е најдолгата плажа во Европа и привлекува многу сурфери секоја година.
Во Ланд се наоѓа и замокот Шато де Гожак кој бил изграден во 1686 година.
Стопанство
уредиОд земјоделски аспект, Ланд е познат по своите пространи борови шуми кои се суровински материјал за дрвната и индустријата на смоли во областа. Шумите биле засадени во почетокот на XIX век за да се спречи ерозијата на песокливата почва од морето.
Туризам
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Landes“ на Ризницата ? |
- (француски) Prefecture website Архивирано на 15 октомври 2012 г.
- (француски) Conseil Général website
- (англиски) Landes на Curlie (англиски)