Лазо Јанчевски
Лазо Јанчевски ( 1927 во Беловиште (Тетовско) ― 1944 во Лепенец) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Лазо Јанчевски | ||
Роден | 1927 година Беловиште, Тетовско | |
---|---|---|
Починал | април/мај, 1944 година Лепенец, Скопје Стрелан од Бугарските фашисти |
Животопис
уредиРоден е во сиромашно селско семејство. По завршеното основно училиште се занимавал со земјоделство, а работел и како рудар по Радуша.
Во 1943 година кога Шарпланинскиот одред го проширил своето влијание врз жителите на Беловиште, во селото бил создаден политички актив, во кој меѓу првите се вклучил и Лазо. Така започнал организирано да ја помага оружената борба против окупаторот. Позитивно дејствувал меѓу младинците, од чија средина придобивал нови приврзаници за народно-ослободителното движење. При втората провала на Шар Планина, во април 1944 година, тој бил затворен и одведен во полицискиот затвор во Скопје. Иако бил мачен, тој не ги предал своите соработници. Без оглед на тоа бугарските фашистички окупатори го одвеле на Лепенец, Скопско и го стрелале на негова 17 годишна возраст, без да има какво било судење.[1]