Јордан Димитровски

Јордан Димитровски ( 1918 во Беловиште (Тетовско)1944 во Лепенец, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Подоцна работел како помошен службеник во општината Вратница. Бил поврзан со напредното движење и рационално ја користел својата должност во полза на НОВ. Прибирал важни информации во општината и им ги пренесувал на партизаните и партиските заднински работници. Бил член на селскиот Народноослободителен одбор. Во втората провала на Шар Планина, бугарската фашистичка полиција го затворила и го префрлила во скопската централна полиција. Во затворот бил подложен на ѕверско мачење. Но, без оглед на тоа останал доследен на себе си и своите идеали, не отворајќи уста и не оддавајќи ниту еден од соборците. Збеснати од неговото јуначко држење, бугарските фашистички окупатори без судење го одвеле на Лепенец и во април 1944 година го стрелале.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 54. На |first= му недостасува |last= (help)