Лазар Вујаклија
Лазар Вујаклија ( Виена, 17 август 1914 - Белград, 1996 ) бил српски сликар на експресионизам и симболизам.[1]
Биографија
уредиНа 10-годишна возраст се преселил во Белград, каде што го завршил графичкото училиште.[2] Посетувал курс по цртање и сликање кај Петар Добровиќ. На студиски патувања ги посетил Париз, Грција, Италија, Швајцарија и Хиландар, каде што ја усоврши својата уметничка работа. Својата инспирација ја наоѓал во народната, фолклорната и религиозната уметност. Се занимавал со сликарство, таписерија, графика и мурализам. Бил член на групата „Самостални“, „ Декембарске групе“, Друштвото на ликовни уметници на Србија и Графичкиот колектив.[3][4] Првата самостојна изложба ја реализирал во 1952 година во Белград, а последната во 1985 година. Имал организирано вкупно 20 самостојни изложби.[1] Тој го насликал и првиот мурал во Белград во 1970 година, кој не е зачуван.[2] Неговите дела се зачувани во национални збирки.[1] Својот стил го изразил со користење на едноставни геометриски симболи дефинирани со црна контура, палета на основни бои и едноставна композиција на делото.[5]
Погребан е во Алејата на заслужните граѓани во Белград.[1][3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Lazar Vujaklija“. Galerija prodaja slika Beli Andjeo Beograd GLAVNI SAJT slike slikar cena (српски). Посетено на 2021-05-21.
- ↑ 2,0 2,1 „Рођен је сликар Лазар Вујаклија“. Српски легат. Посетено на 21.05.2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Lazar Vujaklija“. Maletic Gallery (англиски). Посетено на 2021-05-21.
- ↑ „Vujaklija Lazar“. Galerija slika Beli Andjeo - zvanični sajt (англиски). Посетено на 2021-05-21.
- ↑ „ЕКСПРЕСИВНИ СИМБОЛИ У СЛИКАРСТВУ ЛАЗАРА ВУЈАКЛИЈЕ“. Vojvodina Travel (српски). 2016-09-14. Посетено на 2021-05-21.