Лазар Алексиев Мирчевски
Лазар Алексиев Мирчевски — македонски копаничар, еден од последните претставници на Дебарската школа.
Лазар Алексиев Мирчевски | |
---|---|
Лазар и Нестор Мирчевски во Крушево, 1903 г. | |
Роден(а) | 1884 Осој, Дебарско |
Починал(а) | 1963 Софија, НР Бугарија |
Националност | Македонец |
Занимање | копаничар |
Значајни дела | во текстот |
Деца | Михаил, Александар |
Родители | Алексо Мирчев (татко) |
Роднини | Браќа:
|
Животопис
уредиЛазар Алексиев е роден во село Осој, Дебарско, околу 1884 г.[1] Правнук е по мајчина линија на Иван Филиповски, брат на Петре Филиповски, од големиот гарски копаничарски род Филиповци, а по таткова е внук на Мирче Деспотов и син на Алексо Мирчев.
Татко му се преселил во Софија. Заедно со брат му Нестор Алексиев Мирчевски, работел мебелна резба, тавани, иконостаси и друго. Од 1899 до 1902 г. Нестор Алексиев работел со Лазар во Бер, Егејска Македонија — иконостасите во манастирите „Св. Јован Претеча“ и „Св. Атанасиј“ над Бистрица и резби во „Св. Антониј Нов“.[2] Со брат му по цена од 45 златни наполеони го обновил иконостасот на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Пазарџик кој настрадал во пожар, а бил дело на Макариј Фрчковски.[2] Нивни се и иконостасите во „Успение на пресв. Богородица“ во Новачене[2] и „Вознесение Христово“ во битолското село Брусник (1903), уништен во Првата светска војна.[2] По Илинденското востание во период од три години двајцата браќа работеле на нов иконостас како замена за изгорениот иконосас на храмот „Св. Јован Крстител“ во Крушево.[2] Потоа тие се разделиле, и Лазар останал во Крушево сè до 1908 г.[2]
Во 1909 г. пристигнал во Бугарија и ѝ се приклучил на тајфата на соселанецот Петар Јосифов, со која работел на иконостасите на „Св. Јован Претеча“ во Брацигово и „Воскресение Христово“ во софиско Челопечене.[2] Следната 1910 г. со Иван Травницки го работел иконостасот на храмот „Св. Петка“ во Софија, за која ги изработил сите столбови.[2]
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. Лазар Алексиев бил доброволец во Македонско-одринскиот полк и служел во чета бр. 39 на војводата Методиј Стојчев од Крушево.[3][4]
Во 1914 г. со брат му Нестор го започнале иконостасот на „Св. Никола Софиски“ во Софија по проект на Антон Торњов и Стефан Баџов, каде Нестор бил главен изведувач. Иконостасот е завршен до фронтонот во 1919 г., а фронтонот со распетието е дело на Иван Травницки.[2]
На 10 март 1943 г. като жител на Софија поднел молба за бугарска народна пензија, која му е одобрена.[4]
Починал во 1963 г. во Софија.[5]
-
Амвонот
-
Владичкиот престол
-
Средишниот дел на иконостасот
-
Царските двери
-
ПОтписот „Нестор и Лазар Алексиеви“
Родословие
уредиМладен | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деспот Младенов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тримче Деспотов | Дуко Деспотов | Георги Деспотов | Мирче Деспотов (1802 — 1883) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Блаже Тримчев | Мане Тримчев | Коста Мирчев | Гаврил Мирчев | Алексо Мирчев (1835 — 1906) | Елена Филипова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ламбе Костов | Трајче Костов | Израил Гаврилов | Мирче Гаврилов | Нестор Алексиев (1878 — 1969) | Мафе Алексиев | Лазар Алексиев (1884 — 1963) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Миле Несторов | Борис Несторов | Михаил Несторов | Тодор Несторов | Александар Несторов | Михаил Лазаров | Александар Лазаров | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Во 1912 г. при стапувањето во Македонско-одринскиот полк имал 28 години.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 255.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 17. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ 4,0 4,1 Пеловски, Филип (2022). Македоно-одрински свидетелства. Регистър на участниците в освободителните борби в Македония, Тракия и Добруджа, получили български народни пенсии през 1943 г. I. Дел III. София: Библиотека Струмски. стр. 152. ISBN 978-619-9208823.
- ↑ „Парцел 47“. София помни. Посетено на 9 април 2016.
Надворешни врски
уреди- Лазар Алексиев Мирчевски на Ризницата ?