Црква „Св. Антониј Нов“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Антониј Нов (грчки: Ἁγίου Ἀντωνίου τοῦ Νέου) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Антониј Нов
Ἁγίου Ἀντωνίου τοῦ Νέου
Поглед на црквата
Карта
40°31′33″N 22°12′11″E / 40.52583° СГШ; 22.20306° ИГД / 40.52583; 22.20306
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Ксенофон Пеонидис
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1904
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска
Црквата на разгледница од 1916 – 1917 г.

Во 1860 г. храмот „Пресв. Богородица Камарска“ изгорел во пожар. Во јули истата година митрополитот Теоклит Берско-негушки почнал иградба на храм, посветен на Свети Антониј Нов, покровител на Бер. На 4 февруари 1898 г. и оваа црква изгорела во пожар. Храмот е обновен со ктиторството на Евдоксија Малакусти.[1] Дело е на истакнатиот архитект Ксенофон Пеонидис.[2] Осветен е на 12 септември 1904 г. од митрополитот Константиј Берско-негушки. Претставува трикорабна базилика со припрата и трем. Подоцна од запад се доградени две големи кули.[1]

Во црквата има резби (вон иконостасот) на дебарските мајстори Нестор и Лазар Мирчевски.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ἱστορικὸ τοῦ Ναοῦ μας“. Ἅγιος Ἀντώνιος Βεροίας. Посетено на 5 јули 2015.
  2. „Αφιέρωμα: Ξενοφών Παιονίδης, ο αρχιτέκτονας του κλασικισμού“. Αγγελιοφόρος. 12 декември 2004. Архивирано од изворникот на 2014-04-26. Посетено на 6 јули 2015.
  3. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 255.