Свинички манастир
Свинички манастир „Св. Атанасиј“ (грчки: Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίσσης) — манастир кај Кипсели, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свинички манастир | |
---|---|
Свети Атанасиј | |
Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίσσης | |
40°32′13″N 22°28′39″E / 40.53694° СГШ; 22.47750° ИГД | |
Место | Свиница кај Кипсели, Берско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Берско |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Географија
уредиМанастирот е сместен на десниот брег на Бистрица, јужно од селото Кипсели. Наречен е по некогашното село Свиница, напуштено во првите децении на XX век.
Историја
уредиМанастирот е основан во средината на XVIII век. Во 1822 г, за време на Негушкото востание е уништен. Подоцна е обновен. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија служел како база за андартите.
Во 1922 г. станал сиропиталиште за децата-сираци меѓу доселените Грци.[1] Во 1928 г. манастирот имал 102 деца и 30 лица персонал.[2] Истата година настрадал во земјотресот. Неговата обнова започнала во 1950-тите. Ограден е со висок ѕид и наликува на византиска тврдина.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερά Μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίτσης“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Занемарен непознатиот параметар
|уеб_адрес=
(help); Отсутно или празно|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 18.
- ↑ „Ιερά μονή Αγίου Αθανασίου Σφηνίτσης“. Архивирано од изворникот на 7 септември 2011. Посетено на 17 октомври 2011.