Алексо Мирчев
Алексо Мирчев Деспотов (1835 - 1906) — македонски копаничар, претставник на Дебарската школа.
Алексо Мирчев | |
---|---|
Роден(а) | 1835 Осој, Дебарско |
Починал(а) | 1906 Крушево |
Националност | Македонец |
Занимање | копаничар |
Познат(а) по | цркви |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
|
Родители | Мирче Деспотов (татко) |
Роднини | Браќа:
|
Животопис
уредиРоден е во 1835 г. во селото Осој, Дебарско. Татко му Мирче Деспотов (1802 - 1883) и синовите Нестор Алексиев (1873 - 1969) и Лазар Алексиев исто така биле истакнати копаничари и градители. Работел со татко му, а по неговата смрт во 1883 г. се преселил во Софија со син му Нестор. Основал своја тајфа со која работел во Бугарија, Дебарско, Серско и Романија. Често правел гипсени украси за капители — листови, цветови, птици, животни, ангели, кои потоа ги боел и позлатувал. Негови дела се капителите во „Св. Недела“ во Софија, изработени по Српско-бугарската војна, урнати во атентатот од 1925 г.[1] Заедно со Нестор го изработил иконостасот на црквата „Св. Илија“ во софиско Књажево, кој не се одликува со висок уметнички квалитет, а Нестор сам го направил владичкиот престол.[2][3] Учествувал со синот Нестор и Филиповци при резбањето на иконостасот на „Св. Троица“ во Лукавица кај Димитровград, Србија.[2]
На крајот од животот се преселил да живее со синовите Нестор и Лазар и ќерката Дева во Крушево.[4][5]
Родословие
уредиМладен | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деспот Младенов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тримче Деспотов | Дуко Деспотов | Георги Деспотов | Мирче Деспотов (1802 — 1883) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Блаже Тримчев | Мане Тримчев | Коста Мирчев | Гаврил Мирчев | Алексо Мирчев (1835 — 1906) | Елена Филипова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ламбе Костов | Трајче Костов | Израил Гаврилов | Мирче Гаврилов | Нестор Алексиев (1878 — 1969) | Мафе Алексиев | Лазар Алексиев (1884 — 1963) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Миле Несторов | Борис Несторов | Михаил Несторов | Тодор Несторов | Александар Несторов | Михаил Лазаров | Александар Лазаров | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 254.
- ↑ 2,0 2,1 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 255.
- ↑ Храмът „Св. пророк Илия“ в Княжево
- ↑ „Македонскиот Микеланџело: Нестор Алексиев Мирчевски“. Архивирано од изворникот на 1 март 2014. Посетено на 4 октомври 2011.
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 457. ISBN 978-608-203-023-4.